Соопштенија
Среда Јануари 15, 2025

Државниот пазарен инспекторат во периодот од 18.04.2022 до 15.05.2022 година има извршено вкупно 1639 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.

Во периодот од 18.04.2022 до 24.04.2022 година од страна на Државниот пазарен инспекторат донесени се 79 решенија по разни основи во рамките на надлежностите на ДПИ. Во овој временски период поднесени се 26 барања за поведување прекршочни постапки, од кои 23 по Законот за финансиска дисциплина, 1 по Законот за трговија, 1 по Законот за угостителска дејност и 1 по Законот за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност. Во овој период издадени се 63 прекршочни платни налози.

Во периодот од 25.04.2022 до 01.05.2022 година од страна на Државниот пазарен инспекторат донесени се 45 решенија и поднесени се 28 барања за поведување прекршочни постапки до надлежен орган во рамките на надлежностите на ДПИ. Во овој временски период донесено е 1 решение за привремена забрана за вршење на дејност од 10 дена по Законот за угостителска дејност. Издадени се 49 прекршочни платни налози.

Од 02.05.2022 до 08.05.2022 година од Државниот пазарен инспекторат донесени се 86 решенија и поднесени се 16 барања за поведување на прекршочна постапка до надлежен орган по разни основи во рамките на надлежностите на ДПИ, од кои 2 по Законот за трговија.

На 07.05.2022 година при вршени инспекциски надзори од страна на Државниот пазарен инспекторат констатирани се неправилности кај 2 субејкти, еден во Скопје и еден во Штип, за што по Законот за угостителска дејност издадени се решенија за привремена забрана за вршење на дејност и прекршочни платни налози согласно големината на субјектот. Во текот на оваа работна недела издадени се вкупно 42 прекршочни платни налози.

Од 09.05.2022 до 15.05.2022 година од страна на ДПИ донесени се 77 решенија и поднесени се 13 барања за поведување прекршочна постапка до надлежен орган, од кои 2 по Законот за трговија и 11 по Законот за финансиска дисциплина. Во овој временски период издадени се вкупно 61 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект.

Од страна на Државниот пазарен инспекторат при вршени инспециски надзори во текот на изминатата недела констатирани се неправилности кај 3 субјекти, за што издадени се 3 решенија за привремена забрана за вршење на дејност и прекршочни платни налози согласно големината на субјектите.

PrijavaOd Over

Odnosi Javnost Over

Oddelenija T

JavniNabavki Over

Javni Info Over

OPRSM Over

ZastitaLicniPodatoci

Resenija Over

Formulari Over

Propisi Over

ListiProverka Over

Oglasi Over

Kodeks

Контакт

Државен пазарен инспекторат

  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  ул. Луј Пастер број.1 спрат 3, 1000 Скопје
  ++389 (0)2 3162 341

 

>> ОДДЕЛЕНИЈА НА ДПИ <<

Локација

We use cookies

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dpi.gov.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)