Државниот пазарен инспекторат во периодот од 16.05.2022 до 29.05.2022 година има извршено вкупно 886 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.
Во периодот од 16.05.2022 до 22.05.2022 година од страна на Државниот пазарен инспекторат донесени се 103 решенија по разни основи во рамките на надлежностите на ДПИ, меѓу кои едно решение за привремена забрана за вршење на дејност од 20 дена по Законот за угостителска дејност во Скопје.
Во овој временски период поднесени се 31 барања за поведување прекршочни постапки, од кои 28 по Законот за финансиска дисциплина, 1 по Законот за трговија и 2 по Законот за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност.
Во овој временски период издадени се вкупно 79 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект, од кои 52 по Законот за финансиска дисциплина, 2 по Законот за Државен пазарен инспекторат, 13 по Закон за трговија, 2 по Законот за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност, 8 по Законот за угостителска дејност и 2 по Законот за метрологија.
Во периодот од 23.05.2022 до 29.05.2022 година од страна на Државниот пазарен инспекторат донесени се 66 решенија и поднесени се 18 барања за поведување прекршочни постапки до надлежен орган во рамките на надлежностите на ДПИ (17 по Закон за финансиска дисциплина и 1 по Закон за градежни производи).
Во овој временски период донесено е 1 решение за привремена забрана за вршење на дејност по Законот за угостителска дејност во регионот на Струмица.
Во овој временски период издадени се вкупно 59 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект, од кои 36 по Закон за финансиска дисциплина, 3 по Закон за туристичка дејност, 1 по Закон за заштита на потрошувачите, 12 по Закон за трговија, 5 по Закон за угостителска дејност, 1 по Закон за енергетика и 1 по Закон за работни односи.