Соопштенија
Среда Јануари 15, 2025

Во периодот од 30.05 до 12.06.2022 година од страна на Државниот пазарен инспекторат извршени се вкупно 853 инспекциски надзори на територијата на Република Северна Македонија.

Во овој временски период поднесени се 33 барања за поведување прекршочни постапки, донесени се 132 решенија и издадени се 161 прекршочни платни налози по разни основи во рамките на надлежностите на Државниот пазарен инспекторат.

Во периодот од 03.03 до 14.06.2022 година Државниот пазарен инспекторат има извршено вкупно 214 инспекциски надзори по однос промената на цените. Државните пазарни инспектори ги контролираа цените кои беа вклучени во Одлуката за определување на посебни услови за трговија на одделни стоки која беше со важност до 31.05.2022 година, како и цените на останати производи кои не беа опфатени со Одлуката.

Во овој временски период утврдени се неколку неправилности по Законот за трговија, односно најчесто трговците не доставувале на увид евиденција за набавка и продажба на стоките во трговијата согласно зо Законот за трговија.

На 06.06.2022 при извршени инспекциски надзор Државните пазарни инспектори констатирале:

  • - Во објект во Прилеп утврдена неправилност по член 2 став 2 од Законот за трговија каде глобата изнесува 240 евра во денарска противвредност;
  • - Во објект во Кривогаштани евиденцијата во трговија не се наоѓа во продажниот објект спротивно на чл 28 став 2 од Законот за трговија каде паричната глоба изнесува 240 евра во денарска противвредност;
  • - Кај 3 објекти (2 во Гостивар и еден во Кичево) евиденција во трговијата не се наоѓала во продажниот објект за што од Државните пазарни инспектори дадени се задолженија за да се достави истата на ден 07.06.2022 година;

На 07.06.2022 при извршени инспекциски надзори констатирана е следната фактичка состојба:

  • - Во објект во Радовиш – Евиденција во трговија не се води согласно Законот за трговија за што се издадени соодветни прекршочни платни налози согласно големината на субјектот
  • - Во објект во Радовиш ПЛТ и Евиденција во трговија не се наоѓаат во продажниот објект спротивно на член 28 став 2 од Законот за трговија за што се изречени прекршочни платни налози
  • - Во објект во Радовиш ПЛТ и Евиденција во трговија не се наоѓаат во продажниот објект спротивно на член 28 став 2 од Законот за трговија за што се изречени прекршочни платни налози
  • - Во објект во Свети Николе – Евиденција во трговија не била достапна на увид на инспекторите за што се изречени соодветни прекршочни платни налози;
  • - Во објект во Гостивар - Евиденција во трговија не се води согласно Законот за трговија за што се издадени прекршочни платни налози од 100 евра во денарска противвредност;
  • - Во објект во Гостивар евиденцијата во трговија не се наоѓа во продажниот објект спротивно на чл 28 став 2 од Законот за трговија каде паричната глоба изнесува 240 евра во денарска противвредност;
  • - Во објект во Гостивар евиденцијата во трговија не се наоѓа во продажниот објект спротивно на чл 28 став 2 од Законот за трговија каде паричната глоба изнесува 50 евра во денарска противвредност согласно големината на субјектот;
  • - Во објект во Гостивар евиденцијата во трговија не се наоѓа во продажниот објект спротивно на чл 28 став 2 од Законот за трговија каде паричната глоба изнесува 50 евра во денарска противвредност согласно големината на субјектот
  • - Во објект во Гостивар при извршен инспекциски надзор утврдени се неправилности (односно затекнати се производи со изминат рок) за што се изречени прекршочни платни налози од 1560 евра во денарска противвредност;
  • - Во објект во Гостивар по член 28 став 1 утврдена неправилност и изречени прекршочни платни налози од 400 евра во денарска противвредност;
  • - Во објект во Демир Хисар Евиденцијата во трговија не се води согласно закон и правилник за што изречени се прекршочни платни налози 1500 евра за правно лице 200 евра за одговорно лице во денарска противвредност;
  • - Во објект во Прилеп по член 28 став 2 од Закон за трговија изречени прекршочни платни налози 400 евра за правно и 80 евра за физичко лице во денарска противвредност;
  • - Во објект во Прилеп утврдена неправилност по член 2 став 2 од Законот за трговија каде глобата изнесува 240 евра во денарска противвредност;
  • - Кај 5 објекти при извршени инспекциски надзори во Кичево и околните места утврдено е дека Евиденција во трговија не се наоѓа во продажните објекти;

На 07.06.2022 година при инспекциски надзори во Битола и околните места утврдено е следното:

  • - Евиденцијата за набавка и продажба на стоките во трговијата на мало не се води согласно со закон (член 28 став 1 од Закон за трговија) – прекршочни платни налози од 3000 евра за правно и 200 евра за физичко лице во денарска противвредност;
  • - Евиденцијата за набавка и продажба на стоките во трговијата на мало не се води согласно со закон (член 28 став 1 од Закон за трговија) – прекршочни платни налози од 400 евра за правно и 30 евра за физичко лице во денарска противвредност;
  • - Евиденцијата за набавка и продажба на стоките во трговијата на мало не се води согласно со закон (член 28 став 1 од Закон за трговија) – прекршочни платни налози од 1500 евра за правно и 120 евра за физичко лице во денарска противвредност;
  • - Евиденцијата за набавка и продажба на стоките во трговијата на мало не се води согласно со закон (член 28 став 1 од Закон за трговија) – прекршочни платни налози од 400 евра за правно и 80 евра за физичко лице во денарска противвредност;
  • - Евиденцијата за набавка и продажба на стоките во трговијата на мало не се води согласно со закон (член 28 став 1 од Закон за трговија) – прекршочни платни налози од 200 евра за правно и 40 евра за физичко лице во денарска противвредност;
  • - Евиденцијата за набавка и продажба на стоките во трговијата на мало не се води согласно со закон (член 28 став 1 од Закон за трговија) – прекршочни платни налози од 60 евра за правно и 20 евра за физичко лице во денарска противвредност;
  • -

На 08.06.2022 година при извршени инспекциски надзори утврдени се неправилности кај:

  • - Еден објект во Богданци - евиденцијата за набавка и продажба на стоките не е присутна во деловната просторија член 28 став 2 од Законот за трговија каде глобата изнесувала 200 евра за првано и 40 евра за физичко лице согласно големината на субјектот;
  • - Кај 1 објект при извршени инспекциски надзори во Тетово и околината Евиденција во трговија не се води согласно Законот за трговија за што се издадени прекршочни платни налози од 430 евра во денарска противвредност;
  • - Кај 1 објект при извршени инспекциски надзори во Тетово и околината  Евиденција во трговија не се наоѓала во продажниот објект спротивно на член 28 став 2 од Законот за трговија за што се изречени прекршочни платни налози во парична глоба од 80 евра во денарска противвредност;
  • - Кај 5 објекти при извршени инспекциски надзори во Зајас, Врапчиште, Македонски Брод и Ријани утврдено е дека Евиденција во трговија не се наоѓа во продажните објекти;
  • - Кај еден објект Евиденцијата во трговија не се наоѓа во продажниот објект спротивно на чл 28 ст.2од Законот за трговија, за што се издадени прекршочни платни налози во глоба од 240 евра во денарска противвредност;
  • - Кај еден објект Евиденцијата во трговија не се водела уредно и ажурно што е спротивно на чл.28 ст.1 од Законот за трговија, за што се издадени прекршочни платни налози каде глобата изнесува 3200 евра во денарска противвредност сголасно големината на субјектот;

На 09.06.2022 година при извршени инспекциски надзори утврдени се неправилности кај:

Кај еден објект Евиденцијата во трговија не се наоѓа во продажниот објект спротивно на чл 28 ст.2од Законот за трговија, за што се издадени прекршочни платни налози во глоба од 240 евра во денарска противвредност;

PrijavaOd Over

Odnosi Javnost Over

Oddelenija T

JavniNabavki Over

Javni Info Over

OPRSM Over

ZastitaLicniPodatoci

Resenija Over

Formulari Over

Propisi Over

ListiProverka Over

Oglasi Over

Kodeks

Контакт

Државен пазарен инспекторат

  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  ул. Луј Пастер број.1 спрат 3, 1000 Скопје
  ++389 (0)2 3162 341

 

>> ОДДЕЛЕНИЈА НА ДПИ <<

Локација

We use cookies

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dpi.gov.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)