СООПШТЕНИЕ
Државниот пазарен инспекторат во периодот од 13.06.2022 до 19.06.2022 година има извршено вкупно 393 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.
Во периодот од 13.06.2022 до 19.06.2022 година од страна на Државниот пазарен инспекторат донесени се 51 решенија, од кои 47 по Закон за финансиска дисциплина, 1 по Закон за градежни производи, 1 по Закон за инспекциски надзор, 1 по Закон за угостителска дејност и 1 по Закон за занаетчиска дејност.
Во овој временски период поднесени се 27 барања за поведување прекршочни постапки, од кои 26 по Законот за финансиска дисциплина и 1 по Законот за занаетчиска дејност.
Во овој временски период издадени се вкупно 67 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект, од кои 35 по Законот за финансиска дисциплина, 14 по Закон за трговија, 1 по Закон за индустриска сопственост, 2 по Закон за туристичка дејност, 7 по Закон за угостителска дејност, 2 по Закон за работни односи, 2 по Закон за градежни производи, 2 по Закон за енергетика и 2 по Закон за занаетчиска дејност.
Државниот пазарен инспекторат од 16.06.22 до 19.06.2022 година има извршено вкупно 110 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија, а кои се во врска со Одлука за изменување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки објавена на Службен Весник на Република Северна Македонија број 137/22. Во овој период констатирани се 2 неправилности по член 28, став 1 од Законот за трговија, за што се преземени соодветни мерки и издадени се прекршочни платни налози согласно големината на субјектот.
При извршени инспекциски надзори на 18/19.06.2022 година по Законот за угостителска дејност, кај еден субејкт утврдени се неправилности, за што ќе следуваат решенија за привремена забрана за вршење на дејност и прекршочни платни налози согласно големината на субјектот.