Соопштенија
Среда Јануари 15, 2025

СООПШТЕНИЕ 20.06.2022 – 10.07.2022 година

Државниот пазарен инспекторат во периодот од 20.06.2022 до 26.06.2022 година има извршено вкупно 271 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.

Во периодот од 20.06.2022 до 26.06.2022 година од страна на Државниот пазарен инспекторат донесени се 49 решенија, од кои 45 по Закон за финансиска дисциплина, 2 по Закон за заштита на потрошувачите, 1 по Закон за угостителска дејност и 1 по Закон за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност. Во овој временски период поднесени се 12 барања за поведување прекршочни постапки и издадени се вкупно 34 прекршочни платни налози.

Државниот пазарен инспекторат во периодот од 27.06.2022 до 03.07.2022 година има извршено вкупно 287 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.

Во овој временски период донесени се 44 решенија, од кои 37 по Закон за финансиска дисциплина, 5 по Закон за забрана и спречување вршење нергистрирана дејност, 1 по Закон за трговија и 1 по Закон за метрологија.

Во овој временски период поднесени се 24 барања за поведување прекршочни постапки, од кои 22 по Закон за финансиска дисциплина, 1 по Закон за енергетика и 1 по Закон за трговија и издадени се вкупно 36 прекршочни платни налози, од кои 24 по Закон за финансиска дисциплина, 1 по Закон за енергетика, 2 по Закон за метрологија, 4 по Закон за трговија и 5 по Закон за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност.

Во текот на изминатата работна недела, од 04.07.2022 до 10.07.2022 година, од страна на Државниот пазарен инспекторат извршени се вкупно 465 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.

Во овој временски период донесени се 104 решенија, од кои 82 по Закон за финансиска дисциплина, 2 по Закон за инспекциски надзор, 1 по Закон за заштита на потрошувачите, 1 по Закон за трговија, 6 по Закон за угостителска дејност, 1 по Закон за автокампови, 10 по Закон за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност и 1 по Закон за Државен пазарен инспекторат.

На ден 08.07.2022 година при извршени инспекциски надзори во околината на Струга утврдени се неправилности, за што издадено е решение за привремена забрана за вршење на дејност во времетраење од 30 дена по Закон за трговија и издадени се прекршочни платни налози по истиот закон. На ден 10.07.2022 година издадено е решение за привремена забрана за вршење на дејност во времетраење од 15 дена по Закон за Државен пазарен инспекторат, како и прекршочен платен налог по истиот закон.

Во овој временски период поднесени се 41 барања за поведување на прекршочна постапка и издадени се вкупно 68 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект.

Државниот пазарен инспекторат од 16.06.22 до 19.06.2022 година има извршено вкупно 100 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија, а кои се во врска со Одлука за изменување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки објавена на Службен Весник на Република Северна Македонија број 137/22. Во овој период констатирани се 3 неправилности по член 28, став 1 од Законот за трговија, за што се преземени соодветни мерки и издадени се прекршочни платни налози согласно големината на субјектите.

PrijavaOd Over

Odnosi Javnost Over

Oddelenija T

JavniNabavki Over

Javni Info Over

OPRSM Over

ZastitaLicniPodatoci

Resenija Over

Formulari Over

Propisi Over

ListiProverka Over

Oglasi Over

Kodeks

Контакт

Државен пазарен инспекторат

  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  ул. Луј Пастер број.1 спрат 3, 1000 Скопје
  ++389 (0)2 3162 341

 

>> ОДДЕЛЕНИЈА НА ДПИ <<

Локација

We use cookies

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dpi.gov.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)