СООПШТЕНИЕ 11.07.2022 – 31.07.2022 година
Државниот пазарен инспекторат во периодот од 11.07.2022 до 31.07.2022 година има извршено вкупно 1279 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.
Во периодот од 11.07.2022 до 17.07.2022 година од страна на Државниот пазарен инспекторат донесени се 109 решенија, од кои 89 решенија по Законот за финансиска дисциплина, 1 по Законот за инспекциски надзор, 2 по Закон за заштите на потрошувачите, 6 по Законот за трговија, 1 по Законот за угосителска дејност, 7 по Закон за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност и 3 по Законот за занаетчиска дејност.. Во овој временски период поднесени се 32 барања за поведување прекршочни постапки и издадени се вкупно 65 прекршочни платни налози.
Во периодот од 18.07.2022 до 24.07.2022 година донесени се 75 решенија, поднесени се 36 барања за поведување прекршочни постапки, од кои 33 по Закон за финансиска дисциплина, 1 по Закон за енергетика, 1 по Закон за трговија и 1 по Закон за забрана и спречување на вршење нерегистрирана дејност и издадени се вкупно 74 прекршочни платни налози, од кои 45 по Закон за финансиска дисциплина, 2 по Закон за инспекциски надзор, 1 по Закон за метрологија, 12 по Закон за трговија, 8 по Закон за угостителска дејност, 2 по Закон за енергетика и 4 по Закон за забрана и спречување на вршење нерегистрирана дејност.
Во периодот од 25.07.2022 до 31.07.2022 година донесени се 66 решенија, поднесени се 31 барања за поведување прекршочни постапки, од кои 27 по Закон за финансиска дисциплина, 2 по Закон за енергетика, 1 по Закон за трговија и 1 по Закон за забрана и спречување на вршење нерегистрирана дејност и издадени се вкупно 62 прекршочни платни налози, од кои 31 по Закон за финансиска дисциплина, 12 по Закон за трговија, 17 по Закон за угостителска дејност,1 по Закон за занаетчиска дејност и 1 по Закон за забрана и спречување на вршење нерегистрирана дејност.
Државниот пазарен инспекторат имаше задолжение од Владата на Република Северна Македонија од Нацрт – записникот од Шеесет и третата седница, одржана на 20.07.2022, да се направат вонредни инспекциски надзори на трговци со пелети, а со цел да се утврди продажната цена, капацитетите и достапните количини на пазарот. Во рамките на ова задолжение, Државниот пазарен инспекторат во периодот од 22.07.2022 до 28.07.2022 година има извршено вкупно 131 инспекциски надзори на трговци со пелети на целата територија на Република Северна Македонија. Во овој временски период при инспекциските надзори утврдени се вкупно 7 неправилности, за што се изречени соодветни санкции согласно големината на субјектот:
- Евиденцијата во трговијата не се наоѓа во деловната просторија каде што се врши трговија, спротивно на член 28 ст. 2 од Законот за трговија, 200 евра за правното лице и 40 евра за одговорното лице во правното лице (Скопје);
- 2 Прекршочни платни налози - глоба во износ од 240 евра во денарска противвредност по Закон за трговија - член 55 став 1 и 2 - евиденцијата за набавка и продажба на стоките во трговијата на мало не се наоѓа во продажниот простор (Охрид);
- Нема поднесено пријава за исполнување на МТУ за вршење на дејност , глоба во износ од 120 евра во денарска противвредност (Струга);
- Нема пријава за МТУ за вршење на трговска дејност (Штип);
- Евиденцијата во трговијата не се наоѓа во деловната просторија каде што се врши трговија, спротивно на член 28 ст. 2 од Законот за трговија, 200 евра за правното лице и 40 евра за одговорното лице во правното лице (Гостивар);
- член 28 ст. 1 од Законот за трговија, 800 евра за правното лице и 60 евра за одговорното лице во правното лице (Битола);
- Не води евиденција за набавка и продажба во трговија и нема пријава за МТУ за магацин (Струга);