Соопштенија
Среда Јануари 15, 2025

СООПШТЕНИЕ 01.08.2022 – 28.08.2022 година

Државниот пазарен инспекторат во периодот од 01.08.2022 до 29.08.2022 година има извршено вкупно 1257 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.

Во периодот од 01.08.2022 до 08.08.2022 година од страна на Државниот пазарен инспекторат донесени се 32 решенија, од кои 28 решенија по Законот за финансиска дисциплина, 1 по Законот за инспекциски надзор и 1 по Законот за трговија. Во овој временски период поднесени се 20 барања за поведување прекршочни постапки и издадени се вкупно 41 прекршочни платни налози.

Во периодот од 09.08.2022 до 14.08.2022 година донесени се 48 решенија, од кои 37 по Законот за финансиска дисциплина, 2 по Закон за инспекциски надзор, 1 по Закон за заштита на потрошувачите, 1 по Закон за трговија, 4 по Закон за угостителска дејност, 2 по Закон за забрана и спречување на вршење нерегистрирана дејност и 1 по Закон за занаетчиска дејнсот. Во овој временски период поднесени се 15 барања за поведување прекршочни постапки и издадени се вкупно 47 прекршочни платни налози, од кои 33 по Закон за финансиска дисциплина, 2 по Закон за заштита на потрошувачите, 5 по Закон за трговија, 5 по Закон за угостителска дејност и 2 по Закон за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност.

Во периодот од 22.08.2022 до 28.08.2022 година донесени се 85 решенија, поднесени се 40 барања за поведување прекршочни постапки, од кои 37 по Закон за финансиска дисциплина, 2 по Закон за автокампови и 1 по Закон за заштита на потрошувачите.  Во овој временски период издадени се вкупно 59 прекршочни платни налози, од кои 30 по Закон за финансиска дисциплина, 8 по Закон за угостителска дејност, 14 по Закон за трговија, 2 по Закон за забрана и спречување на вршење нерегистрирана дејност, 2 по Закон за заштита на потрошувачите, 1 по Закон за занаетчиска дејност и 2 по Закон за индустриска сопственост.

Во текот на месец август Државниот пазарен инспекторат фукусот го стави на вршење инспекциски надозри по основ на Законот за туристичка дејност и Законот за такса за привремен престој.

Во август од Државниот пазарен инспекторат извршени се вкупно 17 инспекциски надзори по одлуката на Влада бр.41-5343-1 од 15.06.2022 за посебни услови за трговија на одделни стоки (маржа на прехранбени производи).

Во овој период утврдени се 2 неправилности, а по однос на Одлуката на Влада за посебни услови во трговијата и тоа:

  1. Во Гостивар – Евиденција во трговија не се наоѓа во деловната просторија (член 28 став 2 од Зак.за трг.) ППН 200 +40 евра
  2. Во Кавадарци - 1 Платен налог,ЕТ образецот не се наоѓа во продажниот објект за време на инспекцискиот надзор.

Од Државниот пазарен инспекторат ивршени се вкупно 10 инспекциски надзори во трговија по Одлука на Владата за посебни услови во трговијата на одделни производи ( пелети и огревно дрво ).

PrijavaOd Over

Odnosi Javnost Over

Oddelenija T

JavniNabavki Over

Javni Info Over

OPRSM Over

ZastitaLicniPodatoci

Resenija Over

Formulari Over

Propisi Over

ListiProverka Over

Oglasi Over

Kodeks

Контакт

Државен пазарен инспекторат

  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  ул. Луј Пастер број.1 спрат 3, 1000 Скопје
  ++389 (0)2 3162 341

 

>> ОДДЕЛЕНИЈА НА ДПИ <<

Локација

We use cookies

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dpi.gov.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)