Државниот пазарен инспекторат во периодот од 29.08.2022 до 25.09.2022 година има извршено вкупно 1811 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.
Во периодот од 29.08.2022 до 04.09.2022 година од страна на Државниот пазарен инспекторат донесени се 84 решенија, од кои 66 решенија по Законот за финансиска дисциплина, 1 по Законот за инспекциски надзор и 6 по Законот за заштита на потрошувачите, 5 по Законот за трговија, 2 по Законот за занаетчиска дејност и по едно решение по Законот за угостителска дејност, туристичка дејност, Законот за индустриска сопственост и Законот за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност. Во овој временски период поднесени се 22 барања за поведување прекршочни постапки и издадени се вкупно 50 прекршочни платни налози.
Во периодот од 05.09.2022 до 11.09.2022 година донесени се 58 решенија, од кои 48 по Законот за финансиска дисциплина, 2 по Закон за заштита на потрошувачите, 3 по Закон за трговија, 2 по Закон за угостителска дејност, 2 по Закон за занаетчиска дејност и 1 по Закон за метрологија. Во овој временски период поднесени се 27 барања за поведување прекршочни постапки и издадени се вкупно 44 прекршочни платни налози.
Во периодот од 12.09.2022 до 18.09.2022 година донесени се 128 решенија, од кои 92 по Закон за финансиска дисциплина, 3 по Закон за инаспекциски надзор, 2 по Закон за заштита на потрошувачите, 3 по Закон за трговија, 4 по Закон за угостителска дејност, 1 по Закон за градежни производи, 1 по Закон за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност, 3 по Закон за безбедност на производи, 14 по закон за метрологија и 5 по Закон за занаетчиска дејност. Во овој временски период поднесени се 41 барања за поведување прекршочни постапки и издадени се вкупно 61 прекршочни платни налози.
Во периодот од 19.09.2022 до 25.09.2022 година донесени се 110 решенија, од кои 65 по Закон за финансиска дисциплина, 8 по Закон за инаспекциски надзор, 1 по Закон за индустриска сопственост, 1 по Закон за заштита на потрошувачите, 8 по Закон за трговија, 6 по Закон за угостителска дејност, 8 по Закон за контрола на предмети од скапоцени метали, 6 по Закон за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност, 4 по закон за метрологија и 3 по Закон за занаетчиска дејност. Во овој временски период поднесени се 38 барања за поведување прекршочни постапки и издадени се вкупно 78 прекршочни платни налози.
На 22.09.2022 Државниот пазарен инспекторат имаше координирана акција со претставници од Одделот за криминалистичка полиција при МВР (Сектор за економски криминал и корупција) и Управата за јавни приходи каде беа извршени 33 инспекциски надзори во правни лица на територија на град Скопје, Тетово, Гостивар и Кичево кои се занимаваат со откуп, изработка и продажба на златен накит. При контролите беа одземени околу 10 килограми нежигосани предмети од злато. Државниот пазарен инспекторат констатираше и други неправилности и во рамките на неговите надлежности истите беа санкционирани.
Во фокусот на месец септември од Државниот пазарен инспекторат беа вршени контроли на книжари, школски прибор и аптеки (проверка на заштитни маски) по Законот за трговија и бетонски бази, цемент и мазут по Законот за безбедност на производи и Законот за градежни производи.