Државниот пазарен инспекторат во периодот од 26.09.2022 до 23.10.2022 година има извршено вкупно 1969 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија. Во овој временски период донесени се 339 решенија, поднесени се 116 барања за поведување на прекршочни постапки и издадени се вкупно 321 прекршочни платни налози во рамките на надлежностите на Државниот пазарен инспекторат.
Во периодот од 26.09.2022 до 02.10.2022 година од страна на Државниот пазарен инспекторат донесени се 114 решенија, од кои 78 решенија по Законот за финансиска дисциплина, 4 по Законот за инспекциски надзор, 1 по Законот за градежни производи, 10 по Законот за трговија, 3 по Закон за угостителска дејност, 9 по Закон за контрола на предмети од скапоцени метали, 1 по Закон за заштита на потрошувачите, 6 по Закон за метрологија и 2 по Законот за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност.
Во овој временски период издадени се вкупно 130 прекршочни платни налози, од кои 56 по Закон за финансиска дисциплина, 25 по Закон за трговија, 8 по Закон за заштита на потрошувачите, 2 по Закон за електронска трговија, 5 по Закон за угостителска дејност, 2 по Закон за прекршоци, 3 по Закон за Државен пазарен инспекторат, 14 по Закон за метрологија, 11 по Закон за контрола на предмети од скапоцени метали, 3 по Закон за занаетчиска дејност и 1 по Законот за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност.
Во периодот од 03.10.2022 до 09.10.2022 година донесени се 77 решенија, од кои 55 по Законот за финансиска дисциплина, 3 по Закон за контрола на предмети од скапоцени метали, 2 по Закон за инспекциски надзор, 6 по Закон за трговија, 4 по Закон за угостителска дејност, 1 по Закон по закон за туристичка дејност, 1 по Закон за метрологија и 5 по Законот за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност. Во овој временски период издадени се вкупно 80 прекршочни платни налози од кои 37 по Закон за финансиска дисциплина, 2 по Закон за електронска трговија, 1 по Закон за туристичка дејност, 16 по Закон за трговија, 5 по Закон за угостителска дејност, 5 по Закон за метрологија, 2 по Закон за заштита од пушење, 4 по Закон за Државен пазарен инспекторат, 5 по Закон за контрола на предмети од скапоцени метали и 3 по Законот за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност.
Во периодот од 10.10.2022 до 16.10.2022 година донесени се 66 решенија, од кои 54 по Закон за финансиска дисциплина, 1 по Закон за инспекциски надзор, 2 по Закон за заштита на потрошувачите, 3 по Закон за трговија, 2 по Закон за угостителска дејност, 1 по Закон за метрологија и 1 по Закон за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност. Во овој временски период издадени се вкупно 47 прекршочни платни налози од кои 25 по Закон за финансиска дисциплина, 10 по Закон за трговија, 1 по Закон за Државен пазарен инспекторат, 3 по Закон за угостителска дејност, 4 по Закон за метрологија, 2 по Закон за заштита од пушењето и 2 по Закон за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност.
Во периодот од 17.10.2022 до 23.10.2022 година донесени се 82 решенија, од кои 66 по Закон за финансиска дисциплина, 2 по Закон за инспекциски надзор, 3 по Закон за заштита на потрошувачите, 4 по Закон за трговија, 3 по Закон за угостителска дејност, 2 по Закон за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност и 2 по Закон за метрологија. Во овој временски период издадени се вкупно 64 прекршочни платни налози од кои 31 по Закон за финансиска дисциплина, 18 по Закон за трговија, 2 по Закон за инспекциски надзор, 3 по Закон за заштита на потрошувачите, 4 по Закон за угостителска дејност, 2 по Закон за заштита од пушењето, 2 по Закон за метрологија и 2 по Законот за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност
По однос на Одлуката за определување на највисоки цени во трговијата на мало на огревно дрво даб и огревно дрво бука од Државниот пазарен инспекторат во месец октомври извршени се вкупно 51 инспекциски надзор на целата територија на Република Северна Македонија, каде се констатирани 3 неправилности по однос на Законот за трговија.