Државниот пазарен инспекторат во периодот од 24.10.2022 до 27.11.2022 година има извршено вкупно 2203 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.
Во периодот од 24.10.2022 до 30.10.2022 година од страна на Државниот пазарен инспекторат донесени се 70 решенија, од кои 54 решенија по Законот за финансиска дисциплина, 3 по Законот за инспекциски надзор, 1 по Законот за заштита на потрошувачите, 4 по Законот за трговија, 3 по Закон за угостителска дејност, 1 по Закон за метрологија, 3 по Закон за занаетчиска дејност и 1 по Законот за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност. Во овој временски период издадени се вкупно 57 прекршочни платни налози, од кои 27 по Закон за финансиска дисциплина, 17 по Закон за трговија, 2 по Закон за заштита на потрошувачите, 2 по Закон за метрологија, 5 по Закон за заштита од пушење и 2 по Законот за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност.
Во периодот од 31.10.2022 до 06.11.2022 година донесени се 99 решенија, од кои 76 по Законот за финансиска дисциплина, 2 по Закон за инспекциски надзор, 2 по Закон за заштита на потрошувачите, 5 по Закон за трговија, 3 по Закон за угостителска дејност, 3 по Закон за контрола на предемети од скапоцени метали, 1 по Закон за метрологија, 5 по Законот за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност и 2 по Закон за занаетчиска дејност. Во овој временски период издадени се вкупно 52 прекршочни платни налози од кои 10 по Закон за финансиска дисциплина, 16 по Закон за трговија, 2 по Закон за инспекциски надзор, 5 по Закон за заштита на потрочувачите, 6 по Закон за угостителска дејност, 6 по Закон за контрола на предмети од скапоцени метали, 1 по Закон за метрологија и 4 по Законот за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност.
Во периодот од 07.11.2022 до 13.11.2022 година донесени се 93 решенија, од кои 71 по Закон за финансиска дисциплина, 9 по Закон за инспекциски надзор, 2 по Закон за заштита на потрошувачите, 6 по Закон за трговија, 3 по Закон за угостителска дејност и 2 по Закон за занаетчиска дејност. Во овој временски период издадени се вкупно 67 прекршочни платни налози од кои 41 по Закон за финансиска дисциплина, 19 по Закон за трговија, 2 по Закон за угостителска дејност и 5 по Закон за занаетчиска дејност.
Во периодот од 14.11.2022 до 20.11.2022 година донесени се 84 решенија, од кои 69 по Закон за финансиска дисциплина, 1 по Закон за инспекциски надзор, 3 по Закон за заштита на потрошувачите, 5 по Закон за трговија, 2 по Закон за угостителска дејност, 2 по Закон за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност, 1 по Закон за метрологија и 1 по Закон за занаетчиска дејност. Во овој временски период издадени се вкупно 70 прекршочни платни налози од кои 48 по Закон за финансиска дисциплина, 16 по Закон за трговија, 1 по Закон за инспекциски надзор, 1 по Закон за заштита на потрошувачите, 1 по Закон за угостителска дејност, 1по Закон за метрологија, 1 по Законот за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност и 1 по Закон за занаетчиска дејност.
Во периодот од 21.11.2022 до 27.11.2022 година донесени се 71 решенија, од кои 51 по Законот за финансиска дисциплина, 11 по Закон за заштита на потрошувачите, 4 по Закон за трговија, 1 по Закон за угостителска дејност, 3 по Законот за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност и 1 по Закон за занаетчиска дејност. Во овој временски период издадени се вкупно 56 прекршочни платни налози, од кои 40 по Закон за финансиска дисциплина, 3 по Закон за инспекциски надзор, 1 по Закон за контрола на предмети од скапоцени метали, 10 по Закон за трговија, 1 по Закон за угостителска дејност и 1 по Законот за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност
Во месец ноември, Државниот пазарен инспекторат има извршено 50 инспекциски надзори врз основа на Законот за енергетика и има констатирано 11 неправилности врз основа на истиот закон.