Соопштенија
Среда Јануари 15, 2025

Од страна на Државниот пазарен инспекторат во периодот 03 - 05.01.2023 година извршени се 210 инспекциски надзори кај трговци на големо и трговци на мало, по однос на Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки (“Службен весник на Република Северна Македонија” број 135/22....217/22). При направените инспекциски надзори утврдена е фактичка состојба на забележување на тренд на намалување на цената на:  сончогледовото масло за јадење односно од 15-25 денари намалување за 1 литар, бел леб до 5 денари и бел шеќер од 3 -  5 денари.

Извршени се инспекциски надозри на територијата на Република Северна Македонија и констатирани се четири неправилности и тоа три по Закон за трговија и еден по Закон за заштита на потрошувачите, во Скопје и Охрид и за истите се издадени прекршочни платни налози. Во поголемиот дел од контролите констатирано е дека Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки (“Службен весник на Република Северна Македонија” број 135/22....217/22) се почитува, односно маржата на прехранбените производи се движи од 5 до 10% и истата е во согласност со Одлуката.

Напоменуваме дека Државниот пазарен инспекторат и понатаму врши засилени контроли, како по однос на постапување на наведената Одлука, така и по другите законски прописи.

PrijavaOd Over

Odnosi Javnost Over

Oddelenija T

JavniNabavki Over

Javni Info Over

OPRSM Over

ZastitaLicniPodatoci

Resenija Over

Formulari Over

Propisi Over

ListiProverka Over

Oglasi Over

Kodeks

Контакт

Државен пазарен инспекторат

  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  ул. Луј Пастер број.1 спрат 3, 1000 Скопје
  ++389 (0)2 3162 341

 

>> ОДДЕЛЕНИЈА НА ДПИ <<

Локација

We use cookies

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dpi.gov.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)