Соопштенија
Среда Јануари 15, 2025

За извршени инспекциски надзори врз работењето по однос на Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки (“Службен Весник на Република Северна Македонија” бр. 135/22, 137/22, 206/22 и 217/22) од страна на ДПИ за период од 07.10.2022 до 10.01.2023 година

Во согласност со насоките за постапување кои произлегуваат од Одлуката за посебни услови за трговија на  одделни стоки (“Службен Весник на Република Северна Македонија” бр. 135/22, 137/22, 206/22 и 217/22), со која се определени највисоките трговски маржи на:

  • • леб бел (сечен на парчиња или цел);
  • • шеќер бел;
  • • сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло);
  • • брашно од пченица – тип 400 и тип 500;
  • • макарони и шпагети од тврда пченица;
  • • македонски ориз бел;
  • • трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%;
  • • јајца од кокошка;
  • • урда ;
  • • кравјо бело сирење и мешано бело сирење;
  • • кашкавал;
  • • кисело млеко и павлака и
  • • jогурт.

Државниот пазарен инспекторат како надлежен орган врши инспекциски надзори кај производителите, увозниците и трговците на големо и мало со погоре наведените производи,  при што во континуитет го следи движењето на цените на истите, како и утврдените највисоки маржи во горенаведената Одлука. Секое отстапување од највисоко утврдената маржа од 5% и 10% во трговијата на мало и трговијата на големо од страна на производителите, увозниците и трговците се санкционира согласно Законот за трговија.

По однос на горенаведената одлука, во период од 07.10.2022 заклучно со 10.01.2023 година,  од страна на Одделенијата за инспекциски надзор на територија на Република Северна Македонија извршени се вкупно  707 инспекциски надзори, преку кои се констатира дека производителите, увозниците и трговците на мало и големо се придржуваат на највисоката утврдена маржа од 5% и 10% на производите наведени во Одлуката, односно маржа до 5% во трговијата на големо и трговијата на мало за леб бел (сечен на парчиња или цел), шеќер бел и сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло) и маржа до 10% во трговијата на големо и трговијата на мало за брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски ориз бел, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, јајца од кокошка, урда, кравјо бело сирење и мешано бело сирење, кашкавал, кисело млеко, павлака и jогурт.

Врз основа на мерките на Владата на Република Северна Македонија, забележителен е трендот на намалување на цените на основните прехрамбени производи.

PrijavaOd Over

Odnosi Javnost Over

Oddelenija T

JavniNabavki Over

Javni Info Over

OPRSM Over

ZastitaLicniPodatoci

Resenija Over

Formulari Over

Propisi Over

ListiProverka Over

Oglasi Over

Kodeks

Контакт

Државен пазарен инспекторат

  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  ул. Луј Пастер број.1 спрат 3, 1000 Скопје
  ++389 (0)2 3162 341

 

>> ОДДЕЛЕНИЈА НА ДПИ <<

Локација

We use cookies

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dpi.gov.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)