Соопштенија
Среда Јануари 15, 2025

Сублимиран извештај за спроведени инспекциски надзори во јануари 2023 година

Државниот пазарен инспекторат спроведува инспекциски надзори над примена на законите и прописите кои го опфаќаат работењето на правните и физичките лица, но и примената на прописите од областа на забрана и спречување на вршење нерегистрирана дејност, и изрекува мерки со цел отстранување на утврдените неправилности и доследно спроведување на законите.

Целта на надзорите е подобрување, контрола и зајакнување на веќе постоечкиот економски систем како и одржување функционален пазар насочен кон заштита на правата на трговците и потрошувачите со пласирање на безбедни производи.

Во месец јануари 2023 година извршени се повеќе од 1500 надзори на цела територија на Република Северна Македонија. Од спроведените надзори констатирани се прекршоци направени од страна на субјектите за што се издадени прекршочни платни налози во вредност од над 9 милиони денари, односно според

  • Закон за трговија издадени се над 30 прекршочни платни налози
  • Закон за финансиска дисциплина издадени се над 100 прекшрочни платни налози
  • Закон за заштита од пушењето издадени се над 40 прекршочни платни налози
  • Закон за заштита на потрошувачите издадени се над 10 прекршочни платни налози
  • Закон за вршење угостителска дејност над 20 прекршочни платни налози

Државниот пазарен инспекторат врши континуирани инспекциски надзори кај трговците на големо и трговците на мало во делот на почитување на Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки односно за ограничување на маржата. Секое отстапување од највисоко утврдената маржа од 5% и 10% во трговијата на мало и трговијата на големо се санкционира. Според оваа Одлука за ограничување на маржата кај основните прехрамбени производи, во месец јануари 2023 година извршени се над 300 инспекциски надзори и не се забележани отстапувања од предвидените ограничувања за маржата.

Како институција ќе ги ангажираме сите расположливи ресурси, за тековно постапување и спроведување на законските регулативи од кои произлегуваат нашите надлежности.

Пазарениот инспекторат постојано врши надзори и постапува во согласност со законите, годишниот и стратешкиот план за работа. Дополнително, покрај редовните контроли, постапува и по пријави доставени од граѓаните и им излегува во пресрет за секое прашање поврзано со нашите надлежности и делокруг на работа.

PrijavaOd Over

Odnosi Javnost Over

Oddelenija T

JavniNabavki Over

Javni Info Over

OPRSM Over

ZastitaLicniPodatoci

Resenija Over

Formulari Over

Propisi Over

ListiProverka Over

Oglasi Over

Kodeks

Контакт

Државен пазарен инспекторат

  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  ул. Луј Пастер број.1 спрат 3, 1000 Скопје
  ++389 (0)2 3162 341

 

>> ОДДЕЛЕНИЈА НА ДПИ <<

Локација

We use cookies

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dpi.gov.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)