Соопштенија
Среда Јануари 15, 2025

Државниот пазарен инспекторат во периодот од  20.03 до 26.03.2023 година година има извршено над 500 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.

Во наведениот период од страна на Државниот пазарен инспекторат издадени се над 180 прекршочни платни налози со вредност над  6 и пол милиони денари, од кои:

  • 125 прекршочни платни налози по Закон за трговија
  • 42 прекршочни платни налози по Закон за угостителска дејност
  • 26 прекршочни платни налози по Закон за заштита од пушењето
  • 100 прекршочни платни налози по Закон за финансиска дисциплина
  • 20 прекршочни платни налози по Закон за енергетика

Во горенаведениот период на територија на Република Северна Македонија се извршени над 130 инспекциски надзори по Одлуките за посебни услови за трговија на одделни стоки донесени од страна на Владата. Во некои економски субјекти констатирани се 6 прекршоци за што се издадени прекршочни платни налози во висина од над 754.000 денари.

 

Како институција ќе ги ангажираме сите расположливи ресурси за тековно постапување и спроведување на законските регулативи од кои произлегуваат нашите надлежности. Пазарниот инспекторат постојано врши надзори и постапува во согласност со законите, годишниот и стратешкиот план за работа. Дополнително, покрај редовните контроли, постапува и по пријави доставени од граѓаните и им излегува во пресрет за секое прашање поврзано со нашите надлежности и делокруг на работа.

Законите ќе важат исто за сите, без селективност, а секој што нема да ги почитува, ќе биде санкциониран. Надзори се вршат постојано, а пазарниот инспекторат функционира со својот полн капацитет.

PrijavaOd Over

Odnosi Javnost Over

Oddelenija T

JavniNabavki Over

Javni Info Over

OPRSM Over

ZastitaLicniPodatoci

Resenija Over

Formulari Over

Propisi Over

ListiProverka Over

Oglasi Over

Kodeks

Контакт

Државен пазарен инспекторат

  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  ул. Луј Пастер број.1 спрат 3, 1000 Скопје
  ++389 (0)2 3162 341

 

>> ОДДЕЛЕНИЈА НА ДПИ <<

Локација

We use cookies

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dpi.gov.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)