Државниот пазарен инспекторат во периодот од 27.03 до 09.04.2023 година има извршено над 1100 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.
Во наведениот период од страна на Државниот пазарен инспекторат наплатени и издадени се над 230 прекршочни платни налози со вредност над 7.727.000 денари, од кои:
од кои:
- • 50 прекршочни платни налози по Закон за трговија
- • 32 прекршочни платни налози по Закон за угостителска дејност
- • 26 прекршочни платни налози по Закон за заштита од пушењето
- • 80 прекршочни платни налози по Закон за финансиска дисциплина
- • 16 прекршочни платни налози по Закон за енергетика
Во горенаведениот период на територија на Република Северна Македонија се извршени над 280 инспекциски надзори и контроли по Одлукатаза определување на највисоки цени за одделни производи во трговија на мало и Одлуката за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед. Во некои економски субјекти констатирани се прекршоци за што се издадени прекршочни платни налози во висина од над 110.000.00 денари.
Државниот пазарен инспекторат и понатаму интензивно ќе спроведува контроли и надзори по Одлуките на Владата. Нема да има отстапувања и ќе биде казнет секој оној кој пробал на било каков начин да изврши прекршување на овие Одлуки.
Како институција ќе ги ангажираме сите расположливи ресурси за тековно постапување и спроведување на законските регулативи од кои произлегуваат нашите надлежности. Пазарниот инспекторат постојано врши надзори и постапува во согласност со законите, годишниот и стратешкиот план за работа. Дополнително, покрај редовните контроли, постапува и по пријави доставени од граѓаните и им излегува во пресрет за секое прашање поврзано со нашите надлежности и делокруг на работа.
Законите ќе важат исто за сите, без селективност, а секој што нема да ги почитува, ќе биде санкциониран. Надзори се вршат постојано, а пазарниот инспекторат функционира со својот полн капацитет.