Соопштенија
Среда Февруари 12, 2025

Во наредниот период Пазарниот инспекторат ќе спроведува засилени контроли на терен во согласност со Законот за угостителска дејност и Законот за заштита од пушење. Контролите ќе бидат спроведувани во координација со Министерството за внатрешни работи, и тоа низ цела територија на Македонија, со акцент на спречување на послужување алкохол на малолетни лица.

Послужување алкохол на малолетни лица е кривично дело, а казните за оние угостители што ќе бидат затекнати како послужуваат алкохол на малолетни лица се ригорозни и се движат до 4.000 евра. Освен парични казни, се изрекуваат и казни за забрана за работа во период од еден месец.

Апелираме до угостителите да постапуваат во согласност со обврските кои произлегуваат од Законот за угостителска дејност, по кој се должни да ја утврдат возраста на лицето на кое се послужува алкохол!

Доколку Пазарниот инспекторат утврди нерегуларности, најригорозно ќе постапува!

Државниот пазарен инспекторат заедно со останатите надлежни институции и понатаму ќе продолжи да спроведува заеднички акции кои ќе ги спречат дејствата  поврзани со послужување алкохол на малолетници.

Пријавете неправилност на 191 или на www.dpi.gov.mk

PrijavaOd Over

Odnosi Javnost Over

Oddelenija T

JavniNabavki Over

Javni Info Over

OPRSM Over

ZastitaLicniPodatoci

Resenija Over

Formulari Over

Propisi Over

ListiProverka Over

Oglasi Over

Kodeks

Контакт

Државен пазарен инспекторат

  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  ул. Луј Пастер број.1 спрат 3, 1000 Скопје
  ++389 (0)2 3162 341

 

>> ОДДЕЛЕНИЈА НА ДПИ <<

Локација

We use cookies

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dpi.gov.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)