На 14 и 15 Ноември 2018 година во просториите на Државен Пазарен Инспекторат на Република Македонија во соработка со USAID се одржа обука за Е-Трговија како дел од проектот на USAID за модернизација на инспекциските служби во Република Македонија.
Поради зголемениот број на претставки кој што секојдневно пристигнуваат до нашата институција а се од областа на Е-трговијата, оваа обука имаше за цел да ги запознае инспекторите со новините во Е-трговијата, како и растот и развојот на истата во последните неколку години со што би се олеснил инспекцискиот надзор во оваа област.
Иако неколкупати како институција која што е надлежна за надзор на внатрешниот трговски пазар апелиравме до граѓаните да внимаваат кога вршат електронска трговија преку набавка на услуги и производи преку овие канали, бројот на ново поднесени претставки за Е-трговија е постојано во пораст. Ова не е само проблем со кој што се соочуваат потрошувачите и Државниот пазарен инспекторат како институција туку и државата, нејзиниот економскиот систем и буџет преку порастот на сивата економија.
На оваа обука покрај експерти од Е-трговијата во Република Македонија, земаа учество и Министерството за внатрешни работи со претставник од секторот за Криминал и електронска форензика кој што зборуваше на тема “Откривање и превензија на нелегална електронска трговија”, а воедно истакнаа и дека се отворени и спремни за соработка со Државен Пазарен Инспекторат на Република Македонија како државна институција со надлежност за надзор врз домашниот трговски пазар, за што поголем процент на намалување на сивата економија во Е-трговијата на Република Македонија.
Како Државен Пазарен Инспекторат сакаме да искажеме голема благодарност за соработката и поддршката што ја добиваме од USAID, а воедно се надеваме дека истата ќе продолжи и во иднина..