Почитувани потрошувачи,
Државен Пазарен Инспекторат на Република Македонија повторно се соочува со зголемен број на претставки по однос на измамени потрошувачи преку производи или услуги кој што се набавени по електронски пат.
Државниот пазарен инспекторат веќе излезе со известување по однос на актуелните законски акти за овој начин на трговија достапни според правниот систем на Република Македонија, и ограничениот механизам на делување во насока на заштита на потрошувачите како надлежност на нашата институција .
Затоа уште еднаш сакаме да апелираме дека според актуелните и во сила достапни правни акти за електронска трговија на Република Македонија, овој начин на трговија сеуште не е детално правно опишан а со тоа и нашата функција како државен орган за заштита на потрошувачите во дел од електронската трговија во овој период е сеуште ограничен.
Како еднинствен начин за што побезбедно тргување на ваков начин, сакаме да ве информираме за обврските на давателот на услугата (продавач) според член 7 од Закон за електронска трговија на Република Македонија дека продавачот е должен да достави (објави) минимум информации за себе или неговиот правен субјект на електронската платформа каде што ја врши продажбата
Член 7 од Закон за електронска трговија
Член 7 - Информации што треба да се обезбедат (1) Давателот на услуги на информатичко општество на примателот на услуги и надлежните органи на државната управа во Република Македонија е должен да ги направи лесно, директно и постојано достапни најмалку следниве информации:
(2) Покрај информациите од ставот (1) на овој член давателот на услуги на информатичко општество кој врши регулирана професија е должен да ги направи достапни и следниве информации:
(3) Ако давателот на услуги на информатичко општество ги наведува цените на производите и услугите, тие треба да бидат наведени јасно и недвосмислено, особено треба да се наведе дали во нив се вклучени трошоците на испорака, даноците и манипулативните трошоци кои имаат |
Со ова известување сакаме уште еднаш да апелираме до сите потрошувачи, пред да извршат било каква трансакција или набавка на производ или услуга по електронски пат добро да се информираат за трговецот кој што ја нуди истата, безбедноста на електронската платформа преку која врши нарачка, како и начинот на кој се врши плаќањето на производот или услугата на истата.