Вести
Вторник Септември 23, 2025

Во врска со информациите кои се појавија во јавноста со кои државата или поточно Државниот пазарен инспекторат и Царината беа обвинети дека дозволуваат увоз на мазут од Република Србија кој не ги исполнува стандардите за квалитет и не издаваат забрана за увоз на истиот Ве информираме за целиот случај.

Државниот пазарен инспекторат постапувајќи по писмена претставка од Рафинерија за нафта Окта АД Скопје за постоење на сомнежи дека од страна на Фени Индустри се врши увоз на мазут од Србија со несоодветен квалитет односно кој не ги исполнува сите пропишани параметри со Стандардот за квалитет за М-1 МКС Б.X2.430:1999 и важечкиот Правилник за квалитет на течни горива (Сл. Весник на РМ бр.88/2007; 91/2007; 97/2007; 105/2007; 157/2007; 15/2008; 78/2008; 156/2008 и 81/2009). на ден 04.05.2018 година изврши инспекциски надзор над 6 (шест) еднокоморни цистерни кои од Република Србија превезуваат мазут М-1 за потребите на Фени Индустри Кавадарци.

Инспекцискиот надзор е извршен на терминалот Табановци и при тоа од страна на акредитирано инспекциско тело за земање на мостри Макинспект Доо од Скопје со кого Државниот пазарен инспекторат има склучен меморандум за деловна соработка се земени 6 (шест) мостри со по три примероци од сите 6 (шест) цистерни. Земените примероци од мострите на 8.5.2018 година се однесени за анализа во акредитирана лабораторија Макпетрол АД Скопје.

Званично резултатите од испитаните примероци на мазут М-1 се добиени од лабораторијата на Макпетрол АД на ден 18.5.2018 година и истите покажаа дека граничната вредност на кинематската вискозност на 100 степени целзиуси има отстапување од максималните гранични вредности согласно важечкиот Правилник за квалитет на течни горива (Сл. Весник на РМ бр.88/2007; 91/2007; 97/2007; 105/2007; 157/2007; 15/2008; 78/2008; 156/2008 и 81/2009). Со добиените резултати од испитувањата на ден 21.5.2018 година е запознаено правното лице-увозник на предметниот мазут дека согласно член 49 од Законот за инспекциски надзор истиот има право да го оспори резултатот од анализата на првиот примерок и му е дадена законска можност да во рок од три дена достави барање за анализа на втор примерок во кое барање ќе се посочи во која лабораторија сака да се изврши анализата. Ваквата можност е искористена од увозникот на предметниот мазут и на ден 28.5.2018 година доставено е барање за вршење на анализа на вториот примерок.

По добиениот резултат од анализата на вториот примерок Државниот пазарен инспекторат има право истиот да го оспори доколку наодот е позитивен односно да превземе соодветни законски мерки доколку наодот и на вториот примерок е негативен.

Согласно погоре наведеното може да се заклучи дека Државниот пазарен инспекторат не може да издаде забрана за увоз на предметниот мазут или било кој друг нафтен дериват кој ќе биде увезен во Република Македонија без да ја испочитува законската постапка односно без да ги добие конечните резултати од испитањата.

Како резиме на целиот случај уште еднаш би сакале да ја потенцираме неопходноста за набавка на подвижна лабораторија за првично анализирање на квалитетот на нафтените деривати при увоз како и во внатрешниот пазар со истовремена интервенција во законските и подзаконските акти кои би ја регулирале целата постапка од земањето на мострите за анализа до добивањето на конечните резултати.

PrijavaOd Over

Odnosi Javnost Over

Oddelenija T

JavniNabavki Over

Javni Info Over

OPRSM Over

ZastitaLicniPodatoci

Resenija Over

Formulari Over

Propisi Over

ListiProverka Over

Oglasi Over

Kodeks

Контакт

Државен пазарен инспекторат

  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  ул. Луј Пастер број.1 спрат 3, 1000 Скопје
  ++389 (0)2 3220 547
  ++389 (0)2 3162 341

 

>> ОДДЕЛЕНИЈА НА ДПИ <<

Локација