Вести
Четврток Април 16, 2026

Во рамките на „Регионалниот проект за надзор на пазарот“ на 7 и 8 Април во Скопје се одржа регионална работилница, семинар за соработка меѓу претставници на пазарните и царинските органи.

Настанот беше организиран со цел зголемување на свеста и зајакнување на соработката меѓу институциите одговорни за надзор на пазарот, т.е меѓу пазарниот инспекторат и царинските органи и преку заедничка дискусија и презентација од меѓународните експерти се дискутира за имплементација на европската регулатива од оваа област.(Регулатива 765:2008).

Оваа работилница е дел од тековниот проект „Регионалниот проект за надзор на пазарот“ во рамките на Отворениот Регионален Фонд за Трговска Промоција, имплементиран од ГИЗ (Deutsche Gesellschaft fuer Internationale Zusammenarbeit) и финансиран од Федералното министерство за економска соработка и развој на Германија.

На работилницата присуствуваа повеќе од 15 претставници од пазарните инспекторати и царински органи од Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора, Косово и Србија каде што имаа можност да презентираат и дискутираат за најдобрите практики за тоа како да се организираат и како да се подобри нивната соработка.

PrijavaOd Over

Odnosi Javnost Over

Oddelenija T

JavniNabavki Over

Javni Info Over

OPRSM Over

ZastitaLicniPodatoci

Resenija Over

Formulari Over

Propisi Over

ListiProverka Over

Oglasi Over

Kodeks

Контакт

Државен пазарен инспекторат

  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  ул. Луј Пастер број.1 спрат 3, 1000 Скопје
  ++389 (0)2 3220 547
  ++389 (0)2 3162 341

 

>> ОДДЕЛЕНИЈА НА ДПИ <<

Локација

We use cookies

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dpi.gov.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)