Државниот пазарен инспекторат ги известува сите правни субјекти - вршители на угостителска дејност дека во периодот што следува ќе ги интензивира инспекциските надзори кај угостителите кои вршат угостителска дејност надвор пред деловниот објект.
Од тие причини потребно е сите угостителски објекти да обезбедат одобрение за вршење на угостителска дејност пред објект (чл.8 од Законот за угостителска дејност) издадена од градоначаникот на општината,а во градот Скопје од градоначалникот на град Скопје.














