Согласно со Заклучокот донесен на 15-тата седница на Владата на РСМ за преземање мерки и активности од коронавирус, Државен пазарен инспекторат ги информира граѓаните дека од 13.3.2020 приемот на странките се сведува на минимум, односно во наредните 14 дена Државен пазарен инспекторат нема да врши прием на странки.
Ова е резултата на превентивните мерки издадени од Владата на Република Северна Македонија и Министерството за здравство, со цел да има помала фреквенција на лица во институцијата и да спречи ширење на коронавирусот.
Сите граѓани можат да ги поднесуваат претставките и пријавите за МТУ на официјалните e-mail адреси и телефонските броеви на Државниот пазарен инспекторат.
За претставки
e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
тел. 02/3220547
За МТУ
e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
тел. 02/3220547
Ви благодариме на разбирањето,
Државен пазарен инспекторат