За потребите на подрачното одделение Тетово, Владата на Република Северна Македонија, на Државниот пазарен инспекторат му даде на трајно користење и владеење работни простории од 430м2
Работните простории се наоѓаат во централниот дел на градот Тетово на ул. Борис Кидрич веднаш до печатница Напредок (поранешно Водостопанство).
Објектот од 2003 година не е користен од никого, а благодарение на Владата на РСМ од добивањето на просториите со завршена реконструкцијата, односно до преселувањето на вработените во овие простории се заврши за 100 дена.
Реконструкцијата е извршена со средства од државата, односно 5 милиони денари од буџетот на ДПИ, како и со донација од странски и домашни јавни и приватни компании.
43 вработени досега своите работни обврски ги извршуваа во рамките на општина Тетово во простории од 90м2..
Со новите простории како и со современата информатичка опрема вработените добиваат пристојно и свое место за обавување на своите работни задачи.
На вработените во ДПИ им преостанува да ја оправдаат оваа заложба на Владата на РСМ со професионално извршување на својата работа, а се со цел да придонесат во намалување на сивата економија за која што Инспекторатот како орган е надлежен.