Државниот пазарен инспекторат за време на продолжениот викенд во периодот од 29.07 до 02.08 2021 година имаше засилени контроли на територијата на Охрид како туристичко место каде имаше поголема концентрација на луѓе но и каде беа организирани повеќе настани на отворено.
Извршени се вкупно 21 инспекциски надзор во угостителски објекти и на настани кои беа организирани на отворен простор.
При инспекциските надзори издадени се вкупно 28 прекршочни платни налози во вкупен износ од 43 100 евра во денарска противвредност.
Издадени се вкупно 14 решенија од кои 3 се со изрекување на опомена а со 11 решенија изречена е мерка за привремена забрана за вршење на дејноста, согласно Законот за заштита на населението од заразни болести .
Државниот пазарен инспекторат во континуитет ќе продолжи со вршење на инспекциски надзори со засилено темпо.