Денес се одржа координативен состанок на В.Д. Директорката на Државен пазарен инспекторат м-р Анета Симеска Димоска и Министерот за економија Г-динот Крешник Бектеши, а во врска со измената на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID 19.
Министерот беше информиран за досегашните мерки и активности кои се превземени од страна на Државниот пазарен инспекторат, а кои се во рамките на неговата надлежност, а воедно беше презентиран и планот на активности во периодот по 15-ти Август кога новите времени мерки ќе започнат да се применуваат.
На средбата се дискутираше и за проблемите и предизвиците со кои се соочува Државниот пазарен инспекторат, како и за можностите за нивно надминување.