Во рамките на проектот “Зајакнување на внатрешниот пазар”, кој се спроведува во Министерството за економија, а чија четврта компонента е поврзана со работата на ДПИ, во Јуни 2022 година во градовите Скопје, Охрид и Штип се одржаа работилници, на која учествуваа вработените од сите одделенија на Инспекторатот.
Предавач на работилниците беше господин Вирџинис Јусус, експерт од Литванија којшто има долгогодишно искуство во областа на надзор на пазарот и проценка на ризик при истиот.
Целта на овие работилници е претставување на методологија за надзор на Државниот пазарен инспекторат која се заснова на процена на ризикот, како и обука на пазарните инспектори за соодветната методологија. Оваа работилница придонесе за развивање и унапредување на досегашното знаење на Инспекторатот.





















