На територија на град Скопје, полициски службеници од одделот за криминалистичка полиција при МВР во координација со претставници на Царинската управа, Државниот инспекторат за животна средина, Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат извршија контроли во три отпади за половни возила
Во текот на вршење на контролите во рамки на своите надлежности, кај три физички лица, пазарниот инспекторат констатираше неправилности и прекршувања, односно лицата не биле регистрирани во соодветен регистар, а вршеле трговија со половни автоделови за што е спроведена постапка за порамнување согласно член 58, став 14 од Закон за трговија, и за секое од лицата се издадени прекршочни платни налози со вкупна вредност од 27000 денари.