На 18.03.2023 од страна на полициски службеници од ОКП-ОЕК при СВР Куманово во заедничка акција со Државниот пазарен инспекторат извршена е контрола на правни и физички лица кои вршат дејност од областа на девизното работење, преку купување и продажба на ефективни странски и домашни пари, при што кај четири физички и правни лица се констатирани неправилности, односно работење спротивно на Законот за девизно работење на Република Северна Македонија.
При контролата на две правни лица во Куманово, утврдено е дека не поседуваат Решение за вршење на дејност од НБРСМ, ниту лиценца за вршење на продажба и купување на ефективни странски и домашни пари и пронајден е голем износ на домашни и странски пари во различни валути.
Во менувачница е утврдено дека нема регистрирано правно лице во Централен регистар на РСМ, а не поседува ниту лиценца ни Решение од НБРСМ за вршење на менувачко работење. Во моментот на контролата во менувачницата лицето противправно поседувало домашни и странски валути во поголем износ, а на Градскиот плоштад во Куманово, затекнато е лице како врши менувачко работење спротивно на чл.54 од Законот за девизно работење, при што и кај него се пронајдени поголем износ на пари во различни валути.
За констатираната состојба спротивно на чл.54 од Законот за девизно работење на РСМ кај овие правни и физички лица е известен дежурен Јавен обвинител од ОЈО Куманово и по целосно расчистување и документирање на случаите од страна на ОКП-ОЕК при СВР Куманово ќе биде изготвен соодветен поднесок.














