На 18.03.2023 година од страна на полициски службеници на Бирото за јавна безбедност при МВР во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Управата за јавни приходи (УЈП) и Државниот инспекторат за труд (ДИТ) спроведена е заедничка контрола во угостителски објекти во Гостивар.
За време на контролата од страна на пазарниот инспекторат се утврдени низа неправилности, односно во еден од угостителските објекти констатирани се неправилности по Закон за заштита од пушење, за што е издаден соодветен прекршочен платен налог. Во друг угостителски објект изречени се глоби поради констатирани неправилности меѓу кои непоседување книга за дневен извештај и непочитување на Законот заштита од пушење во затворен дел од објектот.














