Во рамките на проектот “Зајакнување на внатрешниот пазар” кој се спроведува во Министерството за економија и чија четврта компонента е поврзана со работата на Државниот пазарен инспекторат, се организираа работилници со експертот Андрејка Грлич, на тема „Нечесни трговски практики и нечесни договорни одредби“ (односно директивите 93/13/ЕЕЗ, 2005/29/ЕЗ, 2019/2161) од Законот за заштита на потрошувачите. На работилниците присуствуваа инспектори од сите одделенија за инспекциски надзор на територија на Република Северна Македонија.
Целта на на проектот EuropeAid/140492/DH/SER/MK е поддршка на инспекцискиот надзор преку функционална реорганизација на Државниот пазарен инспекторат, дополнување на методологијата за надзор и воведување нови алатки и олеснување на работата на пазарните инспектори.
Главната цел на оваа работилница е да се пренесат искуство и практика заснована на компетентност за проценка на ризик од земјите на ЕУ. Оваа обука за надзор на претпријатијата заснован на ризик ќе вклучува развој, примена, управување со ризик, проценка на ризик на деловните сегменти, барања за надзор засновани на ризик и препораки за тоа како да се избегнат честите грешки во процесот на проценка на ризикот. Овој вид на упатства се наменети за субјектите на јавната администрација кои вршат надзор над активностите на економските оператори за спроведување и/или подобрување на постоечките системи за проценка и управување со ризикот. Целта е да се обезбеди заштита на јавните вредности (здравје, животна средина, јавна и приватна сопственост, итн.) вградени во правните акти со кои се регулира надзорот на активностите на стопанските субјекти а се доделени како надлежности на пазарниот инспекторат. Пазарниот инспекторат ќе се стекне со нови знаења и информации за тоа како се вршат контролите и надзорите во земјите членки на ЕУ и ќе може чекор по чекор да ги спроведува во своите процеси.
Г-ѓа Андрејка Грлиќ, експерт за надзор на пазарот од Словенија, беше предавач на обуките.Таа е правник со повеќе од 30 години професионално искуство во областите на надзор на пазарот, заштита на правата на потрошувачите, пазарни стратегии, реформи во инспекцијата итн. Работела во Словенечкиот пазарен инспекторат повеќе од 24 години, од кои речиси 15 години како главен Пазарен инспектор. Работела и како предавач на различни универзитети, образовни институции во Словенија и во странство.


















