Вести
Среда Јуни 24, 2026

Во текот на вчерашниот ден, 25.04.2023 година, Државниот пазарен инспекторат во координација со Управата за финансиска полиција и Министерство за внатрешни работи изврши надзори на Кванташки пазар. При надзорите беа констатирани следните неправилности, односно беа затекнати трговци кои не воделе евиденција во трговијата согласно закон што е спротивно на член 28 став 1 од Законот за трговија, а е сторен прекршок по член 57 став 1 од истиот закон. За овие трговци изречени се глоби во вредност над 580.000 денари. Истовремено согласно член 51 став 1 точка 6 од Законот за трговија запленети се стоки од над 15 тони.

Затекнати се и физички лица кои вршеа нерегестрирана дејност, односно вршеа трговија на мало, за што се издадени прекршочни платни налози во вредност од над 30.000 денари во согласност со член 2 ст.2 а казниво по член 58 ст.14 од Закон за трговија и им е издадена забрана за вршење дејност во рок од 30 дена.

За оние трговци кои не го пријавиле исполнувањето на минимално техничките услови издадени се прекршочни платни налози во вредност од над 18.000 денари. По Закон за метрологија издадени се прекршочни платни налози во вредност од над 12.000 денари за неверифицирана вага.

Имаше и трговци кои ја прекршиле Одлуката за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки за што се издадени прекршочни платни налози од над 200.000 денари.

Издаден е и прекшочен платен налог во вредност од 120.000 денари за организаторот, мал субјект, правно лице на Кванташки пазар кој го прекршил член 14 став 2 од Законот за трговија, што е казниво по член 58 став 1 од истиот закон и за одговорното лице во правното лице е издаден платен налог во вредност од 6000 денари.

По завршувањето на акцијата, запленетите стоки, овошје и зеленчук, беа предадени во Агенцијата за одземен имот, а во заеднички договор со директорот на Агенцијата, запленетите стоки ги дониравме, односно распределивме онаму каде што е најнеопходно.

Ова е само почеток на ваквите акции, а ќе следат и поригорозни во наредниот период. Никој не е над законот, и не смее да ги заобиколува законите, ниту пак да манипулира со граѓаните.

Директорот Горан Трајковски, апелира до сите економски субјекти, едната опција е да си ги платат прекшочните платни налози, втората е да си го остварат своето право доколку имаат забелешка во судска постапка. Од денес па натака сите инспектори кои што констатирале прекршок кај економските субјекти ќе се појавуваат на судските рочишта, и ќе ги застапуваат и бранат законите по кои што ги констатирале прекршоците. Практиката од непојавување на инспекторите на судските рочишта нема да ја има во иднина, бидејќи системот мора да профункционира.

Нашата цел е доследно почитување на законите и целосно функционирање на системот. Инспекторите и понатаму се на терен, а граѓаните ги охрабруваме да ги пријавуваат нерегуларностите кои се однесуваат на нивните потрошувачки права.

Би сакал да изразам благодарност до премиерот на Владата Димитар Ковачевски и министерот Крешник Бектеши, за поддршката која ја даваат во целиот овој процес со регулирање на цените, а тоа е пред се за доброто на граѓаните. Исто така, сакам јавно да изразам благодарност до пазарните инспектори и до сите надлежни институции кои беа дел од оваа акција и најпрофесионално си ја завршија работата. - потенцираше директорот Горан Трајковски.

IMG 2105

PrijavaOd Over

Odnosi Javnost Over

Oddelenija T

JavniNabavki Over

Javni Info Over

OPRSM Over

ZastitaLicniPodatoci

Resenija Over

Formulari Over

Propisi Over

ListiProverka Over

Oglasi Over

Kodeks

Контакт

Државен пазарен инспекторат

  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  ул. Луј Пастер број.1 спрат 3, 1000 Скопје
  ++389 (0)2 3220 547
  ++389 (0)2 3162 341

 

>> ОДДЕЛЕНИЈА НА ДПИ <<

Локација

We use cookies

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dpi.gov.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)