Во рамките на проектот “Зајакнување на внатрешниот пазар” кој се спроведува во Министерството за економија и чија четврта компонента е поврзана со работата на Државниот пазарен инспекторат, беше организирана дводневна работилница на тема: Општа безбедност на производите.
Главната цел на работилницата беше да се претстави Директивата/Directive 2001/95/EЗ и Законот за безбедност на производите преку студии на случај и добри практики при споредување на Законот. Односно беше презентирана Директивата 2001/95/ЕЗ за општа безбедност на производите, нејзините измени, цел, опсег и области како и Safety Gate (Систем за брзо предупредување на ЕУ за опасни непрехранбени производи).
Понатаму, дел од работилницата беше и презентација за општите барања за безбедност, критериуми за оцена на сообразност на производот, обврска на производителите и дистрибутерите во согласност со Законот за општа безбедност на производите, надзор на пазарот на производи – (Студија на случај) согласно Законот за општа безбедност на производите и проценка на ризикот на производите (Студија на случај).
Исто така, беа прикажани овластувањата, одговорностите и инспекциските мерки на органите за надзор на пазарот утврдени во Законот за општа безбедност на производите, мерки на инспекциските органи согласно Законот за општа безбедност на производите, стандардна оперативна процедура за надзор на пазарот во согласност со добрата практика на ЕУ и примери на неусогласени производи пронајдени на пазарот при надзор (студии на случај) во согласност со Законот за општа безбедност на производите.
Работилниците се одржаа во Скопје, Штип и Охрид.


















