На ден 26.04.2023 година во работна посета на Државниот пазарен инспекторат беа претставници од Агенцијата за надзор на пазарот на БИХ- Едуард Шакота, заменик директор, Самир Бекто, помошник директор и Младен Батковиќ, стручен соработник за опрема под притисок.
На средбата гостите од БИХ ги запознаа присутните за работата на Агенцијата и нејзините активности во врска со надзорот на пазарот во БИХ, начинот на вршење на инспекцискиот надзор според законските прописи на БИХ и статусот на инспекторите.
Од наша страна беа претставени надлежностите на пазарниот инспекторат, сегментите на работа и примената на законите, прописите и актите на трговските друштва, физички и правни лица и останати граѓани кои вршат дејност на територијата на Република Северна Македонија, а кои најчесто се однесуваат на безбедност на производи, заштита на потрошувачи, дејности од областа на трговија, угостителство, туризам, занаетчиство како и други работи кои се опфатени со закон. .
Присутните, го искажаа своето задоволство од посетата и изразија желба за понатамошна меѓусебна соработка.

















