Во рамки на проектот за „Зајакнување на внатрешниот пазар“ се одржа работилница за Регулативата за лична заштитна опрема.
Главната цел на оваа работилница беше да се информираат учесниците и да се сподели знаење за од областа опфатена со Регулативата за лична заштитна опрема ЕУ 2016/425, со споредба на моменталната состојба во Северна Македонија, со што ќе се обезбеди увид во институциите и подготовката на новиот подзаконски акт за лична заштитна опрема.
За време на работилницата се одржаа презентации за новата законодавна рамка (NLF) 765/2008/Е3 и768/2008/Е3, стариот и новиот пристап на ЕК за техничко усогласување и моменталната состојба на усогласување со законодавството во земјата.
Дополнително, беше опфатена Директивата за низок напон (LVD) 2014/35/EU, правниот и техничкиот дел, односно опрема во опсегот на LVD, цели на безбедноста, употреба на хармонизирани и други стандарди, оцена на сообрзаност според LVD, техничка документација, DoC, внатрешна контрола на производството, барања за надзор на пазарот, принцип на безбедност за електрична опрема, основни безбедности стандарди, опасност од пожар и топлина, проценка на ризик за електрична опрема и тестирање на безбедноста на производите.
На работилницата присуствуваа вработени од Државниот пазарен инспекторат на ниво на цела територија на Република Северна Македонија, а говорник беше експертот Анте Фузул.




















