Вести
Четврток Април 16, 2026

Од денес пазарната инспекција е на терен и прави контроли преку кои ќе утврди дали трговците ги усогласиле цените со Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед (Сл. Весник на РСМ бр. 195/23) донесена од Владата.

Трговците имаат обврска да ги намалат цените за најмалку 10%, сметајќи ја цената на производите од Одлуката која се применувала на 1 август во 2023 година, како референтна цена и тоа на 25 категории на прозводи односно над 800 производи:

1) ориз бел, во пакување од 900 g до 1kg;

2) брашно пченично тип 400 и тип 500;

3) бел и полубел леб, векна, индустриски тип 450 g (цел и на парчиња), со исклучок на свежо печен леб во маркетите;

4) други пекарски производи;

5) бисквити „Petit Beurre“ и бисквити обични посни од 300 до 500 g; 6) наполитанки, со фил од какао крем (обични, непрелиени) од 300 до 500 g;

7) тестенини (макарони и шпагети од тврда пченица обични) без и со јајца од 500 g;

8) јунешко месо без коски, од бут или некој друг дел;

9) свинско месо без коски, од бут или некој друг дел; 10) мелено месо свинско и јунешко;

11) пиле свежо или замрзнато (цело);

12) пилешки стек свеж или замрзнат;

13) чаен колбас (јунешки, свински и говедски) без додатоци и без слајс пакување;

14) пилешка посебна салама (без слајс пакување);

15) паштета од џигер и пилешка (без додатоци) во пакување од 95 и 100 g;

16) трајно кравјо млеко (освен органско млеко и млеко со додатоци) со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, во пакување од 1 l;

17) јогурт од кравјо млеко обичен (без додатоци) со масленост од 2,8% до 3,2%, во пакување од 1 l и 1,5 l;

18) кисело кравјо млеко (обично, без додатоци) со масленост од 2,8% и 3,2%, во пакување од 300 до 500g; 19) павлака од кравјо млеко со масленост од 12% до 20%, во пакување од 180 или 200 g;

20) традиционално кравјо бело сирење и мешано бело сирење (без додатоци);

21) традиционален кравји и мешан кашкавал (без додатоци);

22) свежи јајца од кокошка;

23) свежо овошје и

24) свеж зеленчук.

Сите намалени производите треба да имаат ознака ГАРАНТИРАНА ЦЕНА!

Трговците кои вршат трговија на големо и дејност производство имаат обврска да одобруваат рабат во висина од 5% и да им ги продаваат месечно производите од Одлуката на трговците на мало во количина од најмалку 70% од количината продадена во месец август 2023 година!

Очекуваме трговците самоиницијативно да ги намалат и цените на останатите производи. Потребно е заеднички да работиме за подобар животен стандард на граѓаните!

Сите граѓани кои ќе забележат неправилности, можат да ги пријават на следните телефонски броеви:

02 3162 341

02 3220 547

02 191 кој е достапен 24/7 за гласовни пораки.

Постапуваме без селекција и ќе биде санкциониран секој кој нема да почитува закони. Ќе следи затворање и на објекти, како и забрана за вршење на дејност доколку не се почитува Одлуката!

Image 2023 09 21

PrijavaOd Over

Odnosi Javnost Over

Oddelenija T

JavniNabavki Over

Javni Info Over

OPRSM Over

ZastitaLicniPodatoci

Resenija Over

Formulari Over

Propisi Over

ListiProverka Over

Oglasi Over

Kodeks

Контакт

Државен пазарен инспекторат

  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  ул. Луј Пастер број.1 спрат 3, 1000 Скопје
  ++389 (0)2 3220 547
  ++389 (0)2 3162 341

 

>> ОДДЕЛЕНИЈА НА ДПИ <<

Локација

We use cookies

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dpi.gov.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)