Вести
Четврток Април 16, 2026

Денес, директорот на пазарниот инспекторат Горан Трајковски, заедно со премиерот на Владата Димитар Ковачевски и министерот за економија, Крешник Бектеши, беше во посета на компанијата „Алма – М“ – дистрибутивен центар во Визбегово.

„Благодарам на компанијата Алма – М за гостопримството и драго ми е што има општествено одговорни компании кои работат и во интерес на граѓаните, но и во исто време доследно ги почитуваат законските обврски. И овие компании треба да им бидат пример и на останатите трговци.“ – изјави Трајковски

Пазарниот инспекторат од донесувањето на Одлуката до сега изврши над 300 надзори по Одлуката на цела територија на Македонија и има прекршувања за што се издадени прекршочни платни налози во вредност од над 4.500.000 милиони денари. Затворени се и казнети поголеми ланци на маркети во Скопје, Струга и Кичево.

Следуваат засилени контроли и кај добавувачите и Државниот пазарен инспекторат ќе проверува дали доставуваат во маркетите 70% од количината на производите опфатени во Одлуката, што ја доставувале во месец август оваа година.

“Нема да има отстапување, ќе се постапува без селекција и секој трговец има обврска да ја почитува оваа Одлука. Апелирам до трговците да ги усогласат цените со Одлуката, а добавувачите да го почитуваат делот каде треба да се доставува 70% од производите.

Нашата цел како институција не е само да пишуваме казни, туку повикувам на соработка со сите општествено одговорни компании затоа што само сите заедно можеме да ја направиме држвата подобро место за живеење. Им се заблагодарувам на сите трговци кои ја почитуваат Одлуката која е во интерес на граѓаните, но исто така им се заблагодарувам и на граѓаните кои ни помагаат во нашата работа преку пријавите кои пристигнуваат на 02/191.“ – потенцираше во изјавата директорот Горан Трајковски.

Image 2023 09 25 6

Image 2023 09 25 7

Image 2023 09 25 7

Image 2023 09 25 7

Image 2023 09 25 7

Image 2023 09 25 7

Image 2023 09 25 7

 

PrijavaOd Over

Odnosi Javnost Over

Oddelenija T

JavniNabavki Over

Javni Info Over

OPRSM Over

ZastitaLicniPodatoci

Resenija Over

Formulari Over

Propisi Over

ListiProverka Over

Oglasi Over

Kodeks

Контакт

Државен пазарен инспекторат

  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  ул. Луј Пастер број.1 спрат 3, 1000 Скопје
  ++389 (0)2 3220 547
  ++389 (0)2 3162 341

 

>> ОДДЕЛЕНИЈА НА ДПИ <<

Локација

We use cookies

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dpi.gov.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)