Во месец ноември 2024 година на територија на Македонија, Државниот пазарен инспекторат изврши 2386 надзори. За време на надзорите се констатирани неправилности, за што се издадени 370 прекршочни платни налози во вредност од над 15,500,000 денари, односно по:
Затворени се два објекта, еден по Закон за угостителска дејност и еден по Закон за забрана и спречување на вршење нерегистрирана дејност.
Државниот пазарен инспекторати понатаму e на терен, постапува во согласност со своите надлежности, врши редовни и вонредни надзори и контроли.
Како институција постапуваме во согласност со законите, а кај оние економски оператори доколку е констатирано прекршување и непочитување на било кој закон за кој како пазарен инспекторат сме надлжени, се санкционира без селективност. Целта не е само да ги казнуваме вршителите на трговска дејност, туку на тој начин да се изврши едукација, преку која нема повторно да ја направат грешката.
Ги охрабруваме граѓаните, доколку забележат одредена неправилност или сомнеж за измама, а се однесува на нив како потрошувачи, веднаш да пријават на 191 или www.dpi.gov.mk