Во период од 01.12 до 08.12.2024 година, Државниот пазарен инспекторат изврши 578 надзори низ цела територија на Македонија, за што се издадени 125 прекршочни платниналози во вредност од над 4,530,000 денари, односно по :
-Закон за заштита од пушење извршени се 132 надзории издадени се 6 прекршочни платни налози;
-Закон за угостителска дејност извршени се 56 надзори и издадени се14 прекршочни платни налози;
-Закон за финансиска дисциплина извршени се 193 надзори и издадени се 97 прекршочни платни налози;
-Закон за трговија извршени се 90 надзори и издаден е 1 прекршочен платен налог.
Изречени се 42 опомени, врз основа на кои во наредниот период ќе бидат извршени контролни надзори во согласност со закон.
Државниот пазарен инспекторат врши континуирани инспекциски надзори во рамки на своите надлежности со сите расположливи ресурси, за тековно постапување и спроведување на законските регулативи од кои произлегуваат нашите надлежности.
Пазарниот инспекторат постапува во согласност со законите, годишниот и стратешкиот план за работа. Дополнително, покрај редовните надзори, постапува и по пријави доставени од граѓаните и им излегува во пресрет за секое прашање поврзано со нашите надлежности и делокруг на работа.
Пријавете неправилност на 191 или на www.dpi.gov.mk