Во период од 30.12.2024 до 05.01.2025 година, Државниот пазарен инспекторат изврши 117 надзори низ цела територија на Македонија, за што се издадени 51 прекршочни платни налози во вредност од над 1,500,000 денари, односно по :
- Закон за заштита на потрошувачите извршени се 17 надзори и не се издадени прекршочни платни налози;
- Закон за заштита од пушење извршени се 3 надзори и не се издадени прекршочни платни налози;
- Закон за угостителска дејност извршени се 20 надзори и издадени се 4 прекршочни платни налози;
- Закон за финансиска дисциплина извршени се 60 надзори и издадени се 38 прекршочни платни налози;
- Закон за трговија извршени се 7 надзори и не се издадени прекршочни платни налози;
Изречени се 5 опомени, врз основа на кои во наредниот период ќе бидат извршени контролни надзори во согласност со закон.
Државниот пазарен инспекторат врши континуирани инспекциски надзори во рамки на своите надлежности со сите расположливи ресурси, за тековно постапување и спроведување на законските регулативи од кои произлегуваат нашите надлежности.
Пазарниот инспекторат постапува во согласност со законите, годишниот и стратешкиот план за работа. Дополнително, покрај редовните надзори, постапува и по пријави доставени од граѓаните и им излегува во пресрет за секое прашање поврзано со нашите надлежности и делокруг на работа.
Пријавете неправилност на 191 или на www.dpi.gov.mk