Во период од 10.02 до 16.02.2025 година, Државниот пазарен инспекторат изврши 1900 надзори низ цела територија на Македонија, за што се издадени 340 прекршочни платни налози во вредност од над 12,800,000 денари, односно по :
-Закон за заштита од пушење извршени се 109 надзори и се издадени 10 прекршочни платни налози;
-Закон за угостителска дејност извршени се 264 надзори и издадени се 21 прекршочни платни налози;
-Закон за заштита на потрошувачите извршени се 208 надзори и се издадени 6 прекршочни платни налози;
-Закон за занаетчиска дејност извршени се 129 надзори и не се издадени прекршочни платни налози;
-Закон за финансиска дисциплина извршени се 801 надзори и издадени се 283 прекршочни платни налози;
-Закон за трговија извршени се 416 надзори и издадени се 39 прекршочни платни налози ;
-Закон за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност извршени се 30 надзори и не се издадени прекршочни платени налози.
Изречени се 115 опомени, врз основа на кои во наредниот период ќе бидат извршени контролни надзори во согласност со закон.
Државниот пазарен инспекторат врши континуирани инспекциски надзори во рамки на своите надлежности со сите расположливи ресурси, за тековно постапување и спроведување на законските регулативи од кои произлегуваат нашите надлежности.
Пазарниот инспекторат постапува во согласност со законите, годишниот и стратешкиот план за работа. Дополнително, покрај редовните надзори, постапува и по пријави доставени од граѓаните и им излегува во пресрет за секое прашање поврзано со нашите надлежности и делокруг на работа.
Пријавете неправилност на 191 или на www.dpi.gov.mk