Вести
Недела Март 23, 2025

Во период од 03.03.2025 до 09.03.2025 година, Државниот пазарен инспекторат изврши 472 надзори низ цела територија на Македонија, за што се издадени 74 прекршочни платни налози во вредност од над 2,583,900 денари, односно по :

-           Закон за трговија извршени се 98 надзори издадени се 22 прекршочни платни налози;

-            Закон за заштита од пушење извршени се 11 надзори не се издадени прекршочни платни налози;

-           Одлуки на Влада на РСМ извршени се 147 надзори издадени се 8 прекршочни платни налози

-           Закон за метрологија извршени се 4 надзори не се издадени прекршочни платни налози;

-           Закон за заштита на потрошувачи извршени се 30 надзори не се издадени се прекршочни платни налози

-         Закон за туристичка дејност извршени се 2 надзори не се издадени прекршочни платни налози

-         Закон за градежни производи извршен е 5 надзор  не се издадени прекршочни платни налози

-       Закон за општа безбедност на производи извршени се 2 надзори не се издадени прекршочни платни налози

-         Закон за техничките барања на производите и оцена на сообразност извршени се 6 надзори не се издадени прекршочни платни налози

-        Закон за угостителска дејност извршени се 22 надзори и издадени се 4 прекршочни платни налози;

-           Закон за занаетчиство извршени се 14 надзори и не се издадени прекршочни платни налози;

-           Закон за финансиска дисциплина извршени се 121 надзори и издадени се 40 прекршочни платни налози;

-           Закон за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност извршени се 10 надзори не се издадени прекршочени платни налози.

Изречени се 24 опомени, врз основа на кои во наредниот период ќе бидат извршени контролни надзори во согласност со закон.

Државниот пазарен инспекторат врши континуирани инспекциски надзори во рамки на своите надлежности со сите расположливи ресурси, за тековно постапување и спроведување на законските регулативи од кои произлегуваат нашите надлежности.

Пазарниот инспекторат постапува во согласност со законите, годишниот и стратешкиот план за работа. Дополнително, покрај редовните надзори, постапува и по пријави доставени од граѓаните и им излегува во пресрет за секое прашање поврзано со нашите надлежности и делокруг на работа.

Пријавете неправилност на 191 или на www.dpi.gov.mk

PrijavaOd Over

Odnosi Javnost Over

Oddelenija T

JavniNabavki Over

Javni Info Over

OPRSM Over

ZastitaLicniPodatoci

Resenija Over

Formulari Over

Propisi Over

ListiProverka Over

Oglasi Over

Kodeks

Контакт

Државен пазарен инспекторат

  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  ул. Луј Пастер број.1 спрат 3, 1000 Скопје
  ++389 (0)2 3162 341

 

>> ОДДЕЛЕНИЈА НА ДПИ <<

Локација

We use cookies

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dpi.gov.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)