Во период од 10.03.2025 до 16.03.2025 година, Државниот пазарен инспекторат изврши 490 надзори низ цела територија на Македонија, за што се издадени 116 прекршочни платни налози во вредност од над 4.314.766,00 денари, односно по :
- Закон за трговија извршени се 118 надзори издадени се 20 прекршочни платни налози;
- Закон за заштита од пушење извршени се 16 надзори не се издадени прекршочни платни налози;
- Одлуки на Влада на РСМ извршени се 58 надзори не се издадени прекршочни платни налози
- Закон за метрологија извршени се 3 надзори издадени се 3 прекршочни платни налози;
- Закон за заштита на потрошувачи извршени се 37 надзори не се издадени прекршочни платни налози
- Закон за туристичка дејност извршени се 4 надзори не се издадени прекршочни платни налози
- Закон за градежни производи извршени се 3 надзори не се издадени прекршочни платни налози
- Закон за општа безбедност на производи извршени се 3 надзори не се издадени прекршочни платни налози
- Закон за техничките барања на производите и оцена на сообразност извршени се 3 надзори издадени се 2 прекршочни платни налози
- Закон за угостителска дејност извршени се 40 надзори издадени се 4 прекршочни платни налози;
- Закон за занаетчиство извршени се 31 надзор и не се издадени прекршочни платни налози;
- Закон за финансиска дисциплина извршени се 153 надзори издадени се 81 прекршочен платен налог;
- Закон за инспекциски надзор извршени се 5 надзори издадени се 2 прекршочни платни налози
- Закон за постапување по преставки и предлози извршени се 2 надзори издаден е 1 прекршочен платен налог;
- Закон за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност извршени се 14 надзори издадени се 3 прекршочени платни налози.
Изречени се 17 опомени, врз основа на кои во наредниот период ќе бидат извршени контролни надзори во согласност со закон.
Државниот пазарен инспекторат врши континуирани инспекциски надзори во рамки на своите надлежности со сите расположливи ресурси, за тековно постапување и спроведување на законските регулативи од кои произлегуваат нашите надлежности.
Пазарниот инспекторат постапува во согласност со законите, годишниот и месечниот план за работа. Дополнително, покрај редовните надзори, постапува и по пријави доставени од граѓаните и им излегува во пресрет за секое прашање поврзано со нашите надлежности и делокруг на работа.
Пријавете неправилност на 191 или на www.dpi.gov.mk