Во период од 05.05.2025 до 11.05.2025 година, Државниот пазарен инспекторат изврши 401 надзор низ цела територија на Македонија, за што се издадени 134 прекршочни платни налози во вредност од над 2.562.481,00 денари, односно по :
· Закон за трговија извршени се 66 надзори, издадени се 10 прекршочни платни налози;
· Закон за заштита од пушење извршени се 10 надзори, издадени се 2 прекршочени платени налози;
· Закон за угостителска дејност извршени се 101 надзор, издадени се 81 прекршочни платни налози;
· Одлуки на Влада на РСМ извршен е 1 надзор, издадени се 2 прекршочни платни налози;
· Закон за метрологија извршен е 1 надзор, не се издадени прекршочни платни налози;
· Закон за инспекциски надзор извршени се 9 надзори, не се издадени прекршочни платни налози;
· Закон за заштита на потрошувачи извршени се 43 надзори, издадени се 2 прекршочни платни налози;
· Закон за општа безбедност на производи извршени се 3 надзори, не се издадени прекршочни платни налози;
· Закон за техничките барања на производите и оцена на сообразност извршени се 7 надзори, не се издадени прекршочни платни налози;
· Закон за занаетчиство извршени се 28 надзори, издадени се 2 прекршочни платни налози;
· Закон за финансиска дисциплина извршени се 111 надзори, издадени се 31 прекршочни платни налози;
· Закон за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност извршени се 15 надзори, не се издадени прекршочни платни налози;
· Закон за трговски друштва, издадени се 2 прекршочни платни налози;
· Закон за надзор на пазарот извршен е 1 надзор, не се издадени прекршочни платни налози;
· Закон за Државен пазарен инспекторат, издадени се 2 прекршочени платни налози;
· Закон за градежните производи извршен е 1 надзор, не се издадени прекршочни платни налози;
· Закон за индустриска сопственост извршен е 1 надзор, не се издадени прекршочни платни налози;
· Закон за постапување по преставки и предлози извршени се 3 надзори, не се издадени прекршочни платни налози.
Изречени се 30 опомени, врз основа на кои во наредниот период ќе бидат извршени контролни надзори во согласност со закон.
Државниот пазарен инспекторат врши континуирани инспекциски надзори во рамките на своите надлежности со сите расположливи ресурси, за тековно постапување и спроведување на законските регулативи.
Државниот пазарен инспекторат постапува во согласност со законите и годишниот и месечен план за работа. Дополнително, покрај редовните надзори, постапува и по пријави доставени од граѓаните и други институции согласно законската регулатива.
Пријавете неправилност на 191 или на www.dpi.gov.mk














