Во период од 01.12.2025 до 07.12.2025 година, Државниот пазарен инспекторат изврши 455 надзори низ цела територија на Македонија, за што се издадени 115 прекршочни платни налози во вредност од над 4.662.830,00 денари, односно по:
· Закон за трговија, извршени се 51 надзори, издадени се 12 прекршочни платни налози;
· Закон за заштита од пушење, извршени се 125 надзори, издадени се 6 прекршочни платни налози;
· Закон за угостителска дејност, извршени се 35 надзори, издадени се 5 прекршочни платни налози;
· Закон за туристичка дејност, извршени се 11 надзори, не се издадени прекршочни платни налози;
· Закон за заштита на потрошувачи, извршени се 41 надзори, издадени се 2 прекршочни платни налози;
· Закон за занаетчиство, извршени се 16 надзори, не се издадени прекршочни платни налози;
· Закон за финансиска дисциплина, извршени се 127 надзори, издадени се 82 прекршочни платни налози;
· Закон за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност, извршени се 6 надзори, не се издадени прекршочни платни налози;
· Закон за трговски друштва, извршени се 2 надзори, издадени се 2 прекршочни платни налози;
· Закон за техничките барања за производите и оцена на сообразност, извршени се 7 надзори, не се издадени прекршочни платни налози;
· Закон за метрологија, извршени се 13 надзори, издадени се 5 прекршочни платни налози;
· Закон за градежните производи, извршени се 18 надзори, не се издадени прекршочни платни налози;
· Закон за индустриска сопственост, извршени се 2 надзори, не се издадени прекршочни платни налози;
· Закон за скапоцени метали, извршен е 1 надзор, не се издадени прекршочни платни налози и
· Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи, издаден 1 прекршочен платен налог.
Изречени се 24 опомени, врз основа на кои во наредниот период ќе бидат извршени контролни надзори во согласност со закон.
Државниот пазарен инспекторат врши континуирани инспекциски надзори во рамките на своите надлежности со сите расположливи ресурси, за тековно постапување и спроведување на законските регулативи.
Државниот пазарен инспекторат постапува во согласност со законите и годишниот и месечен план за работа. Дополнително, покрај редовните надзори, постапува и по пријави доставени од граѓаните и други институции согласно законската регулатива.
Пријавете неправилност на 191 или на www.dpi.gov.mk














