Во период од 22.12.2025 до 28.12.2025 година, Државниот пазарен инспекторат изврши 352 надзори низ цела територија на Македонија, за што се издадени 73 прекршочни платни налози во вредност од над 1.709.356,00 денари, односно по:
· Закон за трговија, извршени се 60 надзори, издадени се 20 прекршочни платни налози;
· Закон за заштита од пушење, извршени се 18 надзори, не се издадени прекршочни платни налози;
· Закон за угостителска дејност, извршени се 58 надзори, издадени се 8 прекршочни платни налози;
· Закон за заштита на потрошувачи, извршени се 35 надзори, издаден е 1 прекршочeн платeн налог;
· Закон за занаетчиство, извршени се 26 надзори, издадени се 2 прекршочни платни налози;
· Закон за финансиска дисциплина, извршени се 99 надзори, издадени се 30 прекршочни платни налози;
· Закон за индустриска сопственост, извршен е 1 надзор, не се издаден прекршочни платни налози;
· Закон за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност, извршени се 4 надзори, издаден е 1 прекршочeн платeн налог;
· Закон за техничките барања за производите и оцена на сообразност, извршени се 9 надзори, не се издадени прекршочни платни налози;
· Закон за метрологија, извршени се 5 надзори, издадени се 2 прекршочни платни налози;
· Закон за трговски друштва, извршени се 7 надзори, издадени се 2 прекршочни платни налози;
· Закон за туристичка дејност, извршен е 1 надзор, не се издадени прекршочни платни налози;
· Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи, извршени се 4 надзори, издадени се 7 прекршочни платни налози;
· Закон за градежните производи, извршени се 18 надзори, не се издадени прекршочни платни налози;
· Закон за Државен пазарен инспекторат, извршени се 2 надзори, не се издадени прекршочни платни налози;
· Закон за постапување по претставки и предлози, извршени се 2 надзори, не се издадена прекршочни платни надзори;
· Закон за општа безбедност на производите, извршени се 2 надзори, не се издадени прекршочни платни налози и
· Закон за инспекциски надзор, извршен е 1 надзор, не се издадени прекршочни платни налози;
Изречени се 12 опомени, врз основа на кои во наредниот период ќе бидат извршени контролни надзори во согласност со закон.
Државниот пазарен инспекторат врши континуирани инспекциски надзори во рамките на своите надлежности со сите расположливи ресурси, за тековно постапување и спроведување на законските регулативи.
Државниот пазарен инспекторат постапува во согласност со законите и годишниот и месечен план за работа. Дополнително, покрај редовните надзори, постапува и по пријави доставени од граѓаните и други институции согласно законската регулатива.
Пријавете неправилност на 191 или на www.dpi.gov.mk














