|
Во период од 23.03.2026 до 29.03.2026 година, Државниот пазарен инспекторат изврши 638 надзори низ цела територија на Македонија, за што се издадени 175 прекршочни платни налози во вредност од над 3.202.980,00 денари, односно по: · Закон за трговија, извршени се 241 надзори, издадени се 73 прекршочни платни налози; · Закон за заштита од пушење, извршени се 32 надзори, издадени се 11 прекршочни платни налози; · Закон за угостителска дејност, извршени се 74 надзори, издадени се 24 прекршочни платни налози; · Закон за заштита на потрошувачи, извршени се 43 надзори, не се издадени прекршочни платни налози; · Закон за занаетчиство, извршени се 29 надзори, издадени се 3 прекршочни платни налози; · Закон за финансиска дисциплина, извршени се 127 надзори, издадени се 35 прекршочни платни налози; · Закон за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност, извршени се 4 надзори,издаден е 1 прекршочен платен налог; · Закон за техничките барања за производите и оцена на сообразност, извршени се 14 надзори, издадени се 2 прекршочни платни налози; · Закон за метрологија, извршени се 8 надзори, издадени се 24 прекршочнни платни налози; · Закон за градежните производи, извршени се 50 надзори, не се издадени прекршочни платни налози; · Закон за општа безбедност на производите, извршени се 8 надзори, не се издадени прекршочни платни налози. · Закон за енергетика, извршени се 3 надзори, не се издадени прекршочни платни налози; · Закон за такса за привремен престој, извршен е 1 надзор, не се издадени прекршочни платни налози; Изречени се 95 опомени, врз основа на кои во наредниот период ќе бидат извршени контролни надзори во согласност со закон. Државниот пазарен инспекторат врши континуирани инспекциски надзори во рамките на своите надлежности со сите расположливи ресурси, за тековно постапување и спроведување на законските регулативи. Државниот пазарен инспекторат постапува во согласност со законите и годишниот и месечен план за работа. Дополнително, покрај редовните надзори, постапува и по пријави доставени од граѓаните и други институции согласно законската регулатива. Пријавете неправилност на 191 или на www.dpi.gov.mk |














