На работниот состанок, одржан на ден 14.07.2021 година во Инспекцискиот совет, меѓу претставници на Инспекцискиот совет, Државниот пазарен инспекторат, Државниот управен инспекторат и Државниот инспекторат за труд се разговараше за дигитализацијата и автоматизацијата на инспекциската постапка и работењето на инспекциските служби.

Институциите се заложија за интензивна меѓусебна соработка, со цел обезбедување на потребните технички средства за отпочнување на примена на пилот софтверското решение за вршење на инспекциски надзор
.
„ Нашиот нов предизвик во периодот што предстои ќе биде зајакнување на контролата врз е-трговијата. “, вели в.д. Директорот на ДПИ Анета Симеска-Димоска.
Во текот на вчерашниот ден Директорката со Државните пазарни инспектори од одделението за безбедност на производи вршеа инспекциски надзори за контрола на квалитет на градежни производи.
Државен Пазарен Инспекторат е со широки надлежности а по повеќе од една година каде беше на првата линија за справување со пандемијата , сега акцентот го ставаме покрај на редовните активности и на квалитетот на производите!






За потребите на подрачното одделение Тетово, Владата на Република Северна Македонија, на Државниот пазарен инспекторат му даде на трајно користење и владеење работни простории од 430м2

Работните простории се наоѓаат во централниот дел на градот Тетово на ул. Борис Кидрич веднаш до печатница Напредок (поранешно Водостопанство).
Објектот од 2003 година не е користен од никого, а благодарение на Владата на РСМ од добивањето на просториите со завршена реконструкцијата, односно до преселувањето на вработените во овие простории се заврши за 100 дена.
Благодарение на Владата на Република Северна Македонија и поддршката од граѓаните за Државниот пазарен инспекторат, а за секојдневното навремено и ефикасно извршување на зголемениот број работни задачи на инспекторите, од денес 04.08.2020 година возниот парк на Државниот пазарен инспекторат е зголемен за уште 10 нови возила марка Фиат Типо.
Согласно со Заклучокот донесен на 15-тата седница на Владата на РСМ за преземање мерки и активности од коронавирус, Државен пазарен инспекторат ги информира граѓаните дека од 13.3.2020 приемот на странките се сведува на минимум, односно во наредните 14 дена Државен пазарен инспекторат нема да врши прием на странки.
Ова е резултата на превентивните мерки издадени од Владата на Република Северна Македонија и Министерството за здравство, со цел да има помала фреквенција на лица во институцијата и да спречи ширење на коронавирусот.
Почитувани,
Во Државниот пазарен инспекторат од страна на неколку медиуми побарани се информации во врска со зголемувањето на цените на одредени производи кои потрошувачите во голем обем ги набавуваат во периодот на актуелизирање на присуството на „Корона“ вирус во државата.
Согласно горенаведеното Ве известуваме дека до овој момент во Државниот пазарен инспекторат не се доставени претставки од потрошувачи за зголемени цени на заштитни маски, брашно, масло за јадење, средства за дезинфекција и слично.
Државниот пазарен инспекторат во наредниот период ќе изврши инспекциски надзори кај операторите кои вршат продажба на погоре нотираните производи.
Почитувани,
Државниот пазарен инспекторат на Република Северна Македонија во соработка со Цариската Управа на Република Северна Македонија, на ден 21.02.2020 година спроведоа две акции против нелегалната продажба на цигари, режан тутун и други тутунски производи.
Предмет на акцијата беше контрола и заплена на производи кои нелегално се продаваат и претставуваат акцизни добра.
Двете акции паралелно беа спроведени во Скопје и Тетово, при што на територијата на Општина Тетово службените лица на Државниот пазарен инспекторат при вршење на претресот беа брутално нападнати од страна на поголема толпа луѓе кои и се познати на полицијата и против нив ќе биде покрената соодветна пријава. Оттука Државниот пазарен инспекторат и Царинската Управа порачуваат дека и покрај сите опструкции ќе продолжат да се борат против сивата економија и нелегалната продажба на тутунски производи ширум државата.
Во акцијата беа запленети :
113 килограми режан тутун и 415 кутии цигари.
Сериозноста на проблемот и обемот на штетите што нелегалната трговија со тутун и тутунски производи го предизвикува, бара од нас континуирани напори за да го спречиме нелегалниот промет на акцизни добра.
На овој начин не само што ја штитиме конкурентноста, го спречуваме неплаќањето на давачки кон државата, дополнително придонесуваме за заштита на здравјето на луѓето што може да биде загрозено со употреба на непроверени производи пуштени во промет на нелегален начин.
Државен пазарен инспекторат
| Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. | ||
| ул. Луј Пастер број.1 спрат 3, 1000 Скопје | ||
| ++389 (0)2 3220 547 | ||
| ++389 (0)2 3162 341 |