Државниот пазарен инспекторат на Република Македонија, преку Одделението за инспекциски надзор - Скопје, во соработка со преставници од Управата за јавни приходи и Министерството за внатрешни работи, изврши инспекциски надзори на 04 и 05.11.2014 година, на територија на Општина Куманово и на територија на Град Скопје, Општина Чаир.
Предмет на надзорот беше: Законот за заштита од пушење и Законот за угостителска дејност.
Согласно одредбите од Законот за угостителска дејност од 01.09.2014 година, па се до 24.12.2014 година, работното време на угостителските објекти е за еден час пократко, освен во деновите петок и сабота, како и спроти празници и празнични денови, кога се работи плус еден час.
Тоа значи дека:
Сите видови на угостителски објекти во деновите петок и сабота, како и спроти празници и во празнични денови може да работат плус еден час.
Државниот пазарен инспекторат, согласно своите надлежности ќе врши инспекциски надзори врз основа на одредбите од Законот за угостителска дејност, посебно во делот на почитување на работното време, а ќе се зголеми и бројот на надзорите за почитување на Законот за заштита од пушење во угостителските објекти.
Државен пазарен инспекторат
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. | ||
ул. Луј Пастер број.1 спрат 3, 1000 Скопје | ||
++389 (0)2 3162 341 |