Соопштенија
Петок Декември 06, 2024

Соопштенија

Актуелната епидемиолошка состојба во Република Северна Македонија, со значително зголемен број на нови случаи од Корона вирусот, дополнително го зголеми бројот на инспекциски надзори од страна на Државниот пазарен инспекторат, кои соодвестуваат согласно Одлуката на Владата која ги донесе најновите мерки, препораки и протоколи врз основа на препораките од Комисијата за заразни болести.

Државниот пазарен инспекторат

Согласно препораките од Комисијата  за заразни болести за заштита на здравјето на населението од Ковид 19, од Владата на Република Северна Македонија беше донесена Одлука со која за влез во угостителски објекти, кафулиња и барови, без разлика на капацитетот и бројот на присутни посетители/гости/лица, за настан од секаков вид, како и за организација, работа и присуство на секаков вид настан на отворен простор и за влез во затворениот дел од моловите, задолжително е поседување, приложување и проверка на еден од следните документи:

Упатство за забрана за користење на движни и недвижни ствари во државна сопственост за време на изборен процес
pdfПРЕВЗЕМЕТЕ ...
Упатство за начинот на постапување на министерствата, другите органи на државната управа и управните организации за време на изборниот процес
pdfПРЕВЗЕМЕТЕ ...

Согласно одредбите од Законот за угостителска дејност (Сл.весник на РМ број 62/04....129/15) од 15.02.2016 година па се до 31.05.2016 година, работното време на угостителските објекти е за еден час пократко.

Тоа значи дека:

  • Угостителските објекти за исхрана без оглед на видот на угостителските услуги може да работат од 07:00 до 24:00 часот.

Во деновите петок и сабота, како и спроти празнични и празнични денови работното време е до 01:00 часот.

  • Ноќните барови и кабареа можат да работат од 20:00 до 04:00 часот, а во деновите петок и сабота, спроти празници и празници до 05:00 часот.
  • Диско клубовите се со работно време од 19:00 до 04:00 часот во работни денови, односно до 06:00 часот во деновите петок и сабота, како и спроти празнични и во празнични денови.

Државниот пазарен инспекторат, согласно своите надлежности ќе ги интензивира инспекциските надзори над почитување на одредбите од Законот за угостителска дејност, посебно делот за работното време, а ќе се зголеми и бројот на надзорите за почитување на Законот за заштита од пушење во угостителските објекти како и надзорите над одредбите од Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност.

Државниот пазарен инспекторат во соработка со преставници на МВР ПС Центар преку Одделение за инспекциски надзор Скопје на ден 11.08.2015 година изврши координиран инспекциски надзор над работењето на физички лица кои вршат трговија на мало со алкохолен пијалок.

При вршење на надзорот на паркинг простор на ул Мито Хаџи Василев Јасмин (пред влезот за Зелен Пазар) затечени се 4 (четири) физички лица кои вршат трговија на мало со ракија без да се регистрирани во соодветен регистар. Врз основа на констатираната фактичка состојба и согласно надлежноста на Државниот пазарен инспекторат одземени се 396 литри ракија а на физичките лица е доставена покана за наплата на глоба вредност 200 евра.

Заедничките активности на Државниот пазарен инпекторат и МВР ќе продолжат и во престојниот временски период, а со цел намалување на сивата економија.

Согласно член 23 од Законот за угостителска дејност, работното време на угостителските објекти за исхрана без оглед на видот на угостителските услуги во деновите петок и сабота, спроти празнични денови и празнични денови, како и периодот од 1 јуни до 31 август можат да работат од 07:00 часот до 01:00 часот наредниот ден.

Угостителски објекти -дискоклуб и дискоклуб на отворен простор можат да работат од 20:00 до 05: 00 часот наредниот ден, во деновите петок и сабота, спроти празнични денови и празнични денови, како и периодот од 1 јуни до 31 август.

Во рамките на делокругот на активностите на Државниот пазарен инспекторат во наредниот временски период ќе се интензивираат контролите на правни и физички лица кои вршат угостителска и туристичка дејност согласно Законот за угостителска дејност и Законот за туристичка дејност, и тоа:

Државниот пазарен инспекторат на Република Македонија, преку Одделението за инспекциски надзор - Скопје, во соработка со преставници од Управата за јавни приходи и Министерството за внатрешни работи, изврши инспекциски надзори на 04 и 05.11.2014 година, на територија на Општина Куманово и на територија на Град Скопје, Општина Чаир.

Предмет на надзорот беше: Законот за заштита од пушење и Законот за угостителска дејност.

Согласно одредбите од Законот за угостителска дејност од 01.09.2014 година, па се до 24.12.2014 година, работното време на угостителските објекти е за еден час пократко, освен во деновите петок и сабота, како и спроти празници и празнични денови, кога се работи плус еден час.

Тоа значи дека:

  • Угостителските објекти за исхрана без оглед на видот на угостителските услуги (ресторани, кафулиња) може да работат од 07:00 до 24:00 часот.
  • Ноќните барови и кабареа можат да работат од 20:00 до 04:00 часот.
  • Дискоклубовите и дискоклубовите на отворен простор се со работно време од 19:00 до 04:00 часот во работни денови.

Сите видови на угостителски објекти во деновите петок и сабота, како и спроти празници и во празнични денови може да работат плус еден час.

Државниот пазарен инспекторат, согласно своите надлежности ќе врши инспекциски надзори врз основа на одредбите од Законот за угостителска дејност, посебно во делот на почитување на работното време, а ќе се зголеми и бројот на надзорите за почитување на Законот за заштита од пушење во угостителските објекти.

PrijavaOd Over

Odnosi Javnost Over

Oddelenija T

JavniNabavki Over

Javni Info Over

OPRSM Over

ZastitaLicniPodatoci

Resenija Over

Formulari Over

Propisi Over

ListiProverka Over

Oglasi Over

Kodeks

Контакт

Државен пазарен инспекторат

  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  ул. Луј Пастер број.1 спрат 3, 1000 Скопје
  ++389 (0)2 3162 341

 

>> ОДДЕЛЕНИЈА НА ДПИ <<

Локација

We use cookies

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dpi.gov.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)