Соопштенија
Среда Јануари 15, 2025

Соопштенија

СООПШТЕНИЕ 01.08.2022 – 28.08.2022 година

Државниот пазарен инспекторат во периодот од 01.08.2022 до 29.08.2022 година има извршено вкупно 1257 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.

Во периодот од 01.08.2022 до 08.08.2022 година од страна на Државниот пазарен инспекторат донесени се 32 решенија, од кои 28 решенија по Законот за финансиска дисциплина, 1 по Законот за инспекциски надзор и 1 по Законот за трговија. Во овој временски период поднесени се 20 барања за поведување прекршочни постапки и издадени се вкупно 41 прекршочни платни налози.

Во периодот од 09.08.2022 до 14.08.2022 година донесени се 48 решенија, од кои 37 по Законот за финансиска дисциплина, 2 по Закон за инспекциски надзор, 1 по Закон за заштита на потрошувачите, 1 по Закон за трговија, 4 по Закон за угостителска дејност, 2 по Закон за забрана и спречување на вршење нерегистрирана дејност и 1 по Закон за занаетчиска дејнсот. Во овој временски период поднесени се 15 барања за поведување прекршочни постапки и издадени се вкупно 47 прекршочни платни налози, од кои 33 по Закон за финансиска дисциплина, 2 по Закон за заштита на потрошувачите, 5 по Закон за трговија, 5 по Закон за угостителска дејност и 2 по Закон за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност.

Во периодот од 22.08.2022 до 28.08.2022 година донесени се 85 решенија, поднесени се 40 барања за поведување прекршочни постапки, од кои 37 по Закон за финансиска дисциплина, 2 по Закон за автокампови и 1 по Закон за заштита на потрошувачите.  Во овој временски период издадени се вкупно 59 прекршочни платни налози, од кои 30 по Закон за финансиска дисциплина, 8 по Закон за угостителска дејност, 14 по Закон за трговија, 2 по Закон за забрана и спречување на вршење нерегистрирана дејност, 2 по Закон за заштита на потрошувачите, 1 по Закон за занаетчиска дејност и 2 по Закон за индустриска сопственост.

Во текот на месец август Државниот пазарен инспекторат фукусот го стави на вршење инспекциски надозри по основ на Законот за туристичка дејност и Законот за такса за привремен престој.

Во август од Државниот пазарен инспекторат извршени се вкупно 17 инспекциски надзори по одлуката на Влада бр.41-5343-1 од 15.06.2022 за посебни услови за трговија на одделни стоки (маржа на прехранбени производи).

Во овој период утврдени се 2 неправилности, а по однос на Одлуката на Влада за посебни услови во трговијата и тоа:

  1. Во Гостивар – Евиденција во трговија не се наоѓа во деловната просторија (член 28 став 2 од Зак.за трг.) ППН 200 +40 евра
  2. Во Кавадарци - 1 Платен налог,ЕТ образецот не се наоѓа во продажниот објект за време на инспекцискиот надзор.

Од Државниот пазарен инспекторат ивршени се вкупно 10 инспекциски надзори во трговија по Одлука на Владата за посебни услови во трговијата на одделни производи ( пелети и огревно дрво ).

СООПШТЕНИЕ 11.07.2022 – 31.07.2022 година

Државниот пазарен инспекторат во периодот од 11.07.2022 до 31.07.2022 година има извршено вкупно 1279 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.

Во периодот од 11.07.2022 до 17.07.2022 година од страна на Државниот пазарен инспекторат донесени се 109 решенија, од кои 89 решенија по Законот за финансиска дисциплина, 1 по Законот за инспекциски надзор, 2 по Закон за заштите на потрошувачите, 6 по Законот за трговија, 1 по Законот за угосителска дејност, 7 по Закон за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност и 3 по Законот за занаетчиска дејност.. Во овој временски период поднесени се 32 барања за поведување прекршочни постапки и издадени се вкупно 65 прекршочни платни налози.

Во периодот од 18.07.2022 до 24.07.2022 година донесени се 75 решенија, поднесени се 36 барања за поведување прекршочни постапки, од кои 33 по Закон за финансиска дисциплина, 1 по Закон за енергетика, 1 по Закон за трговија и 1 по Закон за забрана и спречување на вршење нерегистрирана дејност и издадени се вкупно 74 прекршочни платни налози, од кои 45 по Закон за финансиска дисциплина, 2 по Закон за инспекциски надзор, 1 по Закон за метрологија, 12 по Закон за трговија, 8 по Закон за угостителска дејност, 2 по Закон за енергетика и 4 по Закон за забрана и спречување на вршење нерегистрирана дејност.

Во периодот од 25.07.2022 до 31.07.2022 година донесени се 66 решенија, поднесени се 31 барања за поведување прекршочни постапки, од кои 27 по Закон за финансиска дисциплина, 2 по Закон за енергетика, 1 по Закон за трговија и 1 по Закон за забрана и спречување на вршење нерегистрирана дејност и издадени се вкупно 62 прекршочни платни налози, од кои 31 по Закон за финансиска дисциплина, 12 по Закон за трговија, 17 по Закон за угостителска дејност,1 по Закон за занаетчиска дејност и 1 по Закон за забрана и спречување на вршење нерегистрирана дејност.

Државниот пазарен инспекторат имаше задолжение од Владата на Република Северна Македонија од Нацрт – записникот од Шеесет и третата седница, одржана на 20.07.2022, да се направат вонредни инспекциски надзори на трговци со пелети, а со цел да се утврди продажната цена, капацитетите и достапните количини на пазарот. Во рамките на ова задолжение, Државниот пазарен инспекторат во периодот од 22.07.2022 до 28.07.2022 година има извршено вкупно 131 инспекциски надзори на трговци со пелети на целата територија на Република Северна Македонија. Во овој временски период при инспекциските надзори утврдени се вкупно 7 неправилности, за што се изречени соодветни санкции согласно големината на субјектот:

  • Евиденцијата во трговијата не се наоѓа во деловната просторија каде што се врши трговија, спротивно на член 28 ст. 2 од Законот за трговија, 200 евра за правното лице и 40 евра за одговорното лице во правното лице (Скопје);
  • 2 Прекршочни платни налози - глоба во износ од 240 евра во денарска противвредност по Закон за трговија - член 55 став 1 и 2 - евиденцијата за набавка и продажба на стоките во трговијата на мало не се наоѓа во продажниот простор (Охрид);
  • Нема поднесено пријава за исполнување на МТУ за вршење на дејност , глоба во износ од 120 евра во денарска противвредност (Струга);
  • Нема пријава за МТУ за вршење на трговска дејност (Штип);
  • Евиденцијата во трговијата не се наоѓа во деловната просторија каде што се врши трговија, спротивно на член 28 ст. 2 од Законот за трговија, 200 евра за правното лице и 40 евра за одговорното лице во правното лице (Гостивар);
  • член 28 ст. 1 од Законот за трговија, 800 евра за правното лице и 60 евра за одговорното лице во правното лице (Битола);
  • Не води евиденција за набавка и продажба во трговија и нема пријава за МТУ за магацин (Струга);

СООПШТЕНИЕ 20.06.2022 – 10.07.2022 година

Државниот пазарен инспекторат во периодот од 20.06.2022 до 26.06.2022 година има извршено вкупно 271 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.

Во периодот од 20.06.2022 до 26.06.2022 година од страна на Државниот пазарен инспекторат донесени се 49 решенија, од кои 45 по Закон за финансиска дисциплина, 2 по Закон за заштита на потрошувачите, 1 по Закон за угостителска дејност и 1 по Закон за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност. Во овој временски период поднесени се 12 барања за поведување прекршочни постапки и издадени се вкупно 34 прекршочни платни налози.

Државниот пазарен инспекторат во периодот од 27.06.2022 до 03.07.2022 година има извршено вкупно 287 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.

Во овој временски период донесени се 44 решенија, од кои 37 по Закон за финансиска дисциплина, 5 по Закон за забрана и спречување вршење нергистрирана дејност, 1 по Закон за трговија и 1 по Закон за метрологија.

Во овој временски период поднесени се 24 барања за поведување прекршочни постапки, од кои 22 по Закон за финансиска дисциплина, 1 по Закон за енергетика и 1 по Закон за трговија и издадени се вкупно 36 прекршочни платни налози, од кои 24 по Закон за финансиска дисциплина, 1 по Закон за енергетика, 2 по Закон за метрологија, 4 по Закон за трговија и 5 по Закон за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност.

Во текот на изминатата работна недела, од 04.07.2022 до 10.07.2022 година, од страна на Државниот пазарен инспекторат извршени се вкупно 465 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.

Во овој временски период донесени се 104 решенија, од кои 82 по Закон за финансиска дисциплина, 2 по Закон за инспекциски надзор, 1 по Закон за заштита на потрошувачите, 1 по Закон за трговија, 6 по Закон за угостителска дејност, 1 по Закон за автокампови, 10 по Закон за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност и 1 по Закон за Државен пазарен инспекторат.

На ден 08.07.2022 година при извршени инспекциски надзори во околината на Струга утврдени се неправилности, за што издадено е решение за привремена забрана за вршење на дејност во времетраење од 30 дена по Закон за трговија и издадени се прекршочни платни налози по истиот закон. На ден 10.07.2022 година издадено е решение за привремена забрана за вршење на дејност во времетраење од 15 дена по Закон за Државен пазарен инспекторат, како и прекршочен платен налог по истиот закон.

Во овој временски период поднесени се 41 барања за поведување на прекршочна постапка и издадени се вкупно 68 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект.

Државниот пазарен инспекторат од 16.06.22 до 19.06.2022 година има извршено вкупно 100 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија, а кои се во врска со Одлука за изменување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки објавена на Службен Весник на Република Северна Македонија број 137/22. Во овој период констатирани се 3 неправилности по член 28, став 1 од Законот за трговија, за што се преземени соодветни мерки и издадени се прекршочни платни налози согласно големината на субјектите.

СООПШТЕНИЕ

Државниот пазарен инспекторат во периодот од 13.06.2022 до 19.06.2022 година има извршено вкупно 393 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.

Во периодот од 13.06.2022 до 19.06.2022 година од страна на Државниот пазарен инспекторат донесени се 51 решенија, од кои 47 по Закон за финансиска дисциплина, 1 по Закон за градежни производи, 1 по Закон за инспекциски надзор, 1 по Закон за угостителска дејност и 1 по Закон за занаетчиска дејност.

Во овој временски период поднесени се 27 барања за поведување прекршочни постапки, од кои 26 по Законот за финансиска дисциплина и 1 по Законот за занаетчиска дејност.

Во овој временски период издадени се вкупно 67 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект, од кои 35 по Законот за финансиска дисциплина, 14 по Закон за трговија, 1 по Закон за индустриска сопственост, 2 по Закон за туристичка дејност, 7 по Закон за угостителска дејност, 2 по Закон за работни односи, 2 по Закон за градежни производи, 2 по Закон за енергетика и 2 по Закон за занаетчиска дејност.

Државниот пазарен инспекторат од 16.06.22 до 19.06.2022 година има извршено вкупно 110 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија, а кои се во врска со Одлука за изменување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки објавена на Службен Весник на Република Северна Македонија број 137/22. Во овој период констатирани се 2 неправилности по член 28, став 1 од Законот за трговија, за што се преземени соодветни мерки и издадени се прекршочни платни налози согласно големината на субјектот.

При извршени инспекциски надзори на 18/19.06.2022 година по Законот за угостителска дејност, кај еден субејкт утврдени се неправилности, за што ќе следуваат решенија за привремена забрана за вршење на дејност и прекршочни платни налози согласно големината на субјектот.

Во периодот од 30.05 до 12.06.2022 година од страна на Државниот пазарен инспекторат извршени се вкупно 853 инспекциски надзори на територијата на Република Северна Македонија.

Во овој временски период поднесени се 33 барања за поведување прекршочни постапки, донесени се 132 решенија и издадени се 161 прекршочни платни налози по разни основи во рамките на надлежностите на Државниот пазарен инспекторат.

Во периодот од 03.03 до 14.06.2022 година Државниот пазарен инспекторат има извршено вкупно 214 инспекциски надзори по однос промената на цените. Државните пазарни инспектори ги контролираа цените кои беа вклучени во Одлуката за определување на посебни услови за трговија на одделни стоки која беше со важност до 31.05.2022 година, како и цените на останати производи кои не беа опфатени со Одлуката.

Во овој временски период утврдени се неколку неправилности по Законот за трговија, односно најчесто трговците не доставувале на увид евиденција за набавка и продажба на стоките во трговијата согласно зо Законот за трговија.

На 06.06.2022 при извршени инспекциски надзор Државните пазарни инспектори констатирале:

  • - Во објект во Прилеп утврдена неправилност по член 2 став 2 од Законот за трговија каде глобата изнесува 240 евра во денарска противвредност;
  • - Во објект во Кривогаштани евиденцијата во трговија не се наоѓа во продажниот објект спротивно на чл 28 став 2 од Законот за трговија каде паричната глоба изнесува 240 евра во денарска противвредност;
  • - Кај 3 објекти (2 во Гостивар и еден во Кичево) евиденција во трговијата не се наоѓала во продажниот објект за што од Државните пазарни инспектори дадени се задолженија за да се достави истата на ден 07.06.2022 година;

Државниот пазарен инспекторат во периодот од 16.05.2022 до 29.05.2022 година има извршено вкупно 886 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.

Во периодот од 16.05.2022 до 22.05.2022 година од страна на Државниот пазарен инспекторат донесени се 103 решенија по разни основи во рамките на надлежностите на ДПИ, меѓу кои едно решение за привремена забрана за вршење на дејност од 20 дена по Законот за угостителска дејност во Скопје.

Во овој временски период поднесени се 31 барања за поведување прекршочни постапки, од кои 28 по Законот за финансиска дисциплина, 1 по Законот за трговија и 2 по Законот за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност.

Во овој временски период издадени се вкупно 79 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект, од кои 52 по Законот за финансиска дисциплина, 2 по Законот за Државен пазарен инспекторат, 13 по Закон за трговија, 2 по Законот за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност, 8 по Законот за угостителска дејност и 2 по Законот за метрологија.

Во периодот од 23.05.2022 до 29.05.2022 година од страна на Државниот пазарен инспекторат донесени се 66 решенија и поднесени се 18 барања за поведување прекршочни постапки до надлежен орган во рамките на надлежностите на ДПИ (17 по Закон за финансиска дисциплина и 1 по Закон за градежни производи).

Во овој временски период донесено е 1 решение за привремена забрана за вршење на дејност по Законот за угостителска дејност во регионот на Струмица.

Во овој временски период издадени се вкупно 59 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект, од кои 36 по Закон за финансиска дисциплина, 3 по Закон за туристичка дејност, 1 по Закон за заштита на потрошувачите, 12 по Закон за трговија, 5 по Закон за угостителска дејност, 1 по Закон за енергетика и 1 по Закон за работни односи.

Државниот пазарен инспекторат во периодот од 18.04.2022 до 15.05.2022 година има извршено вкупно 1639 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.

Во периодот од 18.04.2022 до 24.04.2022 година од страна на Државниот пазарен инспекторат донесени се 79 решенија по разни основи во рамките на надлежностите на ДПИ. Во овој временски период поднесени се 26 барања за поведување прекршочни постапки, од кои 23 по Законот за финансиска дисциплина, 1 по Законот за трговија, 1 по Законот за угостителска дејност и 1 по Законот за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност. Во овој период издадени се 63 прекршочни платни налози.

Во периодот од 25.04.2022 до 01.05.2022 година од страна на Државниот пазарен инспекторат донесени се 45 решенија и поднесени се 28 барања за поведување прекршочни постапки до надлежен орган во рамките на надлежностите на ДПИ. Во овој временски период донесено е 1 решение за привремена забрана за вршење на дејност од 10 дена по Законот за угостителска дејност. Издадени се 49 прекршочни платни налози.

Од 02.05.2022 до 08.05.2022 година од Државниот пазарен инспекторат донесени се 86 решенија и поднесени се 16 барања за поведување на прекршочна постапка до надлежен орган по разни основи во рамките на надлежностите на ДПИ, од кои 2 по Законот за трговија.

На 07.05.2022 година при вршени инспекциски надзори од страна на Државниот пазарен инспекторат констатирани се неправилности кај 2 субејкти, еден во Скопје и еден во Штип, за што по Законот за угостителска дејност издадени се решенија за привремена забрана за вршење на дејност и прекршочни платни налози согласно големината на субјектот. Во текот на оваа работна недела издадени се вкупно 42 прекршочни платни налози.

Од 09.05.2022 до 15.05.2022 година од страна на ДПИ донесени се 77 решенија и поднесени се 13 барања за поведување прекршочна постапка до надлежен орган, од кои 2 по Законот за трговија и 11 по Законот за финансиска дисциплина. Во овој временски период издадени се вкупно 61 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект.

Од страна на Државниот пазарен инспекторат при вршени инспециски надзори во текот на изминатата недела констатирани се неправилности кај 3 субјекти, за што издадени се 3 решенија за привремена забрана за вршење на дејност и прекршочни платни налози согласно големината на субјектите.

СООПШТЕНИЕ

Државниот пазарен инспекторат во периодот од 28.03.2022 до 17.04.2022 година има извршено вкупно 1581 инспекциски надзори и 1787 контроли на целата територија на Република Северна Македонија.

Во овој временски период издадени се вкупно 261 решенија и 86 прекршочни пријави. Издадени се вкупно 184 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект.

Од Државниот пазарен инспекторат извршени се вкупно 315 инспекциски надзори во трговија на мало и големо, а за контрола на Одлуката на Влада за посебни услови во трговијата на одделни производи (Сл.Весник на РСМ бр.51/2022).

Во периодот од 28.03.22 до 03.04.2022 година донесени се 54 решенија по Законот за финансиска дисциплина, 2 по Законот за инспекциски надзор, 2 решенија по Законот за занаетчиска дејност, 2 по Законот за трговија, 6 решенија по Законот за градежни производи и по 1 решение по Законот за метрологија, Законот за заштита на населението од заразни болести, Законот за угостителска дејност  и Законот за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност. Во овој временски период донесени се 30 пријави по Законот за финснсиска дисциплина и по 1 пријава по Законот за трговија и Законот за угостителска дејност.

Во работната надела од 04.04.2022 до 10.04.2022 година донесени се вкупно 94 решенија, од кои 73 решенија по Законот за финансиска дисциплина, 5 решенија по Законот за инспекциски надзор, 3 решенија по Законот за заштита на потрошувачите, 4 решенија по Законот за трговија, 4 решенија по Законот за угостителска дејност, 2 решенија по Закон за градежни производи и 3 решенија по Законот за занаетчиска дејност. Во овој временски период донесени се 19 пријави по Законот за финансиска дисциплина, 4 пријави по Законот за трговија, 1 пријава по Законот за заштита на потрошувачите и 1 пријава по Законот за заштита од пушење.

Во текот на изминатата работна недела од 10.04.2022 до 17.04.2022 година донесени се 69 решенија по Законот за финансиска дисциплина, 5 решенија по Законот за инспекциски надзор, 3 решенија по Законот за заштита на потрошувачите, 7 решенија по Закон за трговија ,5 решенија по Законот за угостителка дејност, 2 по Закон за градежни производи, 4 по Закон за занаетчиска дејности по 1 решение по Закон за метрологија и Закон за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност по различни основи во рамките на надлежностите на ДПИ. Во овој временски период донесени се 29 пријави по Законот за финансиска дисциплина и по 1 пријава по Законот за трговија и Законот за угостителска дејност.

Од Државниот пазарен инспекторат контролирани се повеќе угостителски објекти во периодот од 15-16.04.2022, кај три објекти во регионот на Струмица се издадени решенија за забрана за вршење на дејност, кај 2 објекти по 10 дена и кај еден објект 20 дена по Закон за угостителска дејност член 26 став 2 (прекорочено работно време).

Од државниот пазарен инспекторат издадено е 1 решение за привремена забрана за вршење на дејност по Законот за заштита на населението од заразни болести во регионот Тетово.

Државниот пазарен инспекторат во периодот од 14.03.2022 до 27.03.2022 година има извршено вкупно 1188 инспекциски надзори и 1251 контроли на целата територија на Република Северна Македонија.

Во овој временски период издадени се вкупно 169 решенија и 47 прекршочни пријави. Издадени се вкупно 170 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект.

Од Државниот пазарен инспекторат извршени се вкупно 253 вонредни инспекциски надзори во трговија на мало и големо, а за контрола на Одлуката на Влада за посебни услови во трговијата на одделни производи (Сл.Весник на РСМ бр.51/2022).

На 25.03.2022 извршен е инспекциски надзор на подрачје Битола кај субјект кој врши дејност производство на пченично брашно.

Во периодот од 14.03.22 до 27.03.2022 година издадени се 74 прекршочни платни налози по Законот за трговија и Законот за заштита на потрошувачите, при контрола на Одлуката на Влада за посебни услови во трговијата на одделни производи (Сл.Весник на РСМ бр.51/2022). Висината на изречените глоби е во зависност од големината на трговското друштво (микро, мал, среден или голем субјект):

  • За 2 субјекти издадени се прекршочни платни налози од 7000 евра за правно лице и 350 евра за одговорно лице во денарска противвредност - утврдено е непочитување на Одлуката на Владата за посебни услови во трговијата на одделни производи;
  • За 2 субјекти издадени се прекршочни платни налози од 3000 евра за правно лице и 2000 евра за одговорно лице во денарска противвредност - утврдено е непочитување на Одлуката на Владата за посебни услови во трговијата на одделни производи;
  • За еден субјект прекршочен платен налог по Закон за трговија чл.28 ст.1 (400евра за правното лице и 30 евра во денарска противвредност за одговорното лице);
  • За еден субјект прекршочен платен налог по Закон за трговија чл.28 ст.1 (200 евра за правното лице и 40 евра во денарска противвредност за одговорното лице);
  • За еден субјект прекршочен платен налог по Закон за трговија чл.28 ст.2, в.в. со член 55 ст.1 т.10 80 евра во денарска противвредност;
  • За еден субјект прекршочен платен налог по Закон за трговија член 55 став 1 точка 10, евиденцијата не се наоѓа во деловниот простор, 700 евра за правно лице, 150 евра за одговорно лице;
  • За еден субјект прекршочен платен налог по Закон за трговија член 58 став 1 точка 5, трговецот не се придржува на мерките од член 30 од ЗТ- 7000 евра за правно лице, 350 евра за одговорно лице;
  • За еден субјект прекршочен платен налог - 800 евра за правно лице и 50 евра за одговорно лице во правно лице по чл.30 в.в. со член 58 ст. Т.5 од Законот за трговија;
  • За 8 субјекти - 16 прекршочни платни налози (8 за правно лице и 8 за одговорно лице) со вкупна вредност 33550 евра во денарска противвредност - По Одлуката за посебни услови во трговија на одделни производи;
  • За 12 субјекти издадени се прекршочни платни налози по член 55 од Законот за трговија ст.1 точка 10 (во моментот на инспекцискиот надзор евиденцијата не е доставена на увид на инспекторот спротивно на член 28 став 2 од ЗТ). Глобата се движи од 50 до 800 евра согласно големината на субјектот;
  • За 6 субјекти - 12 прекршочни платни налози (6 платни налози од 4.000 евра за правно и 6 платни налози од 1200 евра во денарска противвредност за одговорно лице) - Нечесно пазарно однесување чл.31-а ст.1 од Закон за заштита на потрошувачите;
  • За еден субјект прекршочен платен налог - 4000 евра за правно лице и 1200 евра за одговорно лице во правно лице по чл.31-а в.в. со чл.138 ст.1 т.41 од Законот за заштита на потрошувачите;

СООПШТЕНИЕ

Во периодот од 07.03.2022 до 13.03.2022 година од страна на Државниот пазарен инспекторат извршени се вкупно 658 инспекциски надзори и 680 контроли на целата територија на Република Северна Македонија.

Во овој временски период издадени се вкупно 91 решенија и 36 прекршочни пријави. Издадени се вкупно 111 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект.

Од Државниот пазарен инспекторат извршени се вкупно 162 вонредни инспекциски надзори во трговија на мало и големо, а за контрола на Одлуката на Влада за посебни услови во трговијата на одделни производи (Сл.Весник на РСМ бр.51/2022).

Во 130 контролирани објекти во трговија на големо, мало и пекари констатирано дека цените кај лебот, маслото и брашното се по набавни цени, кај другите производи цените се усогласени со 3% маржа на мало, а некаде беше во тек усогласувањето.

Неправилности се утврдени кај 33 субјекти. На 11.03.2022 казнети се 13 субјекти, од кои 8 со по 7000 евра за правно лице и 350 евра за одговорно лице во правното лице затоа што не ги намалиле цените на основните прехранбени производи. На 12.03.2022 година казнети се 20 сујекти, од кои 8 за непочитување за намалување на маржата, а 12 за немање евиденција во трговијата (односно непостоење фактори колкава е набавната цена, а колкава треба да биде продажната), за што по Законот за трговија, согласно големината на субјекот изречени се соодветни санкции.

Непочитување на одлуката е констатирано во неколку градови на територијата на Република Северна Македонија - Скопје, Струга, Охрид, Тетово, Струмица, Гостивар и Пробиштип.

И во наредниот период, контролите и надзорите од Државниот пазарен инспекторат ќе продолжат со засилено темпо на работа.

PrijavaOd Over

Odnosi Javnost Over

Oddelenija T

JavniNabavki Over

Javni Info Over

OPRSM Over

ZastitaLicniPodatoci

Resenija Over

Formulari Over

Propisi Over

ListiProverka Over

Oglasi Over

Kodeks

Контакт

Државен пазарен инспекторат

  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  ул. Луј Пастер број.1 спрат 3, 1000 Скопје
  ++389 (0)2 3162 341

 

>> ОДДЕЛЕНИЈА НА ДПИ <<

Локација

We use cookies

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dpi.gov.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)